| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип почна снимањето на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“

На 19 Јануари започна снимањето на новиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска, “Господ постои, нејзиното име е Петрунија”. Филмот ќе се снима 6 недели во Штип, а главните улоги ги толкуваат Зорица Нушева, Стефан Вуисиќ, Суад Беговски, Мони Дамевски, Лабина Митевска, Виолета Шапковска, Андријана Колевска, Џевдет Јашари, Бајруш Мјаку, Петар Мирчевски, Никола Кумев, Илија Волчевски, Игор Тодоров и Ненад Анѓелкович.

Директор на фотографија е Белгијанката, Виржини Сент Мартин, со која Теона успешно соработуваше на филмот “Јас сум од Титов Велес” што беше потврдено со низа награди меѓу кои и Сребрена Камера на фестивалот Браќа Манаки.  Сценограф е Вук Митевски, костимот е на Моника Ломбер.

Проектот беше дел од најценетите предпродукциски собири како Paris Coproduction Villiage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде побудуваше огромен интерес. Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Cinelink програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде што филмот беше претставен. 

Филмот е Македонско, Словенско, Хрватска, Белгиско (а од минатата недела) и Француска копродукција, а исто така во октомври 2017 ја доби и поддршката од Еуримаж.
Од минатата недела филмот беше поддржан и од престижниот француски фонд Aide aux cinémas du monde, на националната агенција за филм Centre national du cinéma et de l’image animée (CNC). Ова е еден од најтешките и најпрестижните фондови во Европа, каде во една сесија се одобруваат само неколку проекти од целиот свет. Филмот “Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше едногласно избран од жирито, и стана втор македонски филм кој има добиено средства од овој фонд, а првиот е “Јас сум од Титов Велес”. Со добивање на поддршката од овој фонд во Франција се смета за признание и препорака за квалитетот на проектот, а се добиваат можности и за добивање на фондови за филмот за негова понатамошна кино дистрибуција во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top