– Целосниот буџет на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е 1.300.000 евра од кој на конкурсот распишан од Македонската Агенција за филм на кој ги доби највисоките оценки, доби поддршка од 487,000 евра или 36 отсто од буџетот, од Белгискиот филмски фонд и други извори се обезбедија 280,000 евра или 21 отсто од Хрватскиот филмски фонд 102,000 евра и други извори 10 отсто и од Словенија 10 проценти – велат од продукцијата.
Проектот бил дел од престижните Paris Coproduction Villiage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде будел огромен интерес.
– Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Cinelink програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде филмот беше претставен. Квалитетот на авторот и на сценариото овозможија за само осум месеци да се затвори целосниот буџет на филмот – додаваат од продукцијата.
Кастингот, изборот на актерската екипа и другите подготовки траат веќе повеќе од шест месеци. Филмот треба да почне да се снима во средина на јануари идната година, и ќе се снима целосно во Македонија, во траење од шест недели.
Ова е петтиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска и веќе четврти пат по ред овој автор ја добива поддршката од Еуримаж. Продуцентската куќа пак веќе седми пат по ред учествува во проект кој е поддржан од Еуримаж фондот, со врвни европски автори меѓу кои покрај Теона Стругар Митевска, се Дамјан Козоле, Кристи Пују, Нури Билге Чејлан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.