Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за истрагите кои ги прави финансиската полиција во однос на буџетските средства.
-Точно е дека премиерот Заев најави дека бидат вратени сите нелегално стекнати пари. Финансиската полиција е една од алките за да се утврдат тие парични средства. Ние имаме можност да лоцираме каде се парите, односно водиме финансиски истраги, се докажува за колку пари е оштетен буџетот на државата – кажа Муареми.
Директорот Муареми исто така го објасни и процесот на водење на финансиска истрага.
-Не можеме со точност да кажеме каде се парите. Водењето финансиска истрага е долг процес и бара време. Секогаш се бараат сите најголеми прелевања на парични средства. Јас неколку пати сум кажал дека ние треба да бидеме чуварот на буџерот, ние треба да го следиме трошењето на паричните средства. Тоа сега го правиме. Ја следиме секоја јавна набавка која се прави од надлежните органи – рече Муареми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст