На 19 Јануари започна снимањето на новиот долгометражен филм на Теона Стругар Митевска, “Господ постои, нејзиното име е Петрунија”. Филмот ќе се снима 6 недели во Штип, а главните улоги ги толкуваат Зорица Нушева, Стефан Вуисиќ, Суад Беговски, Мони Дамевски, Лабина Митевска, Виолета Шапковска, Андријана Колевска, Џевдет Јашари, Бајруш Мјаку, Петар Мирчевски, Никола Кумев, Илија Волчевски, Игор Тодоров и Ненад Анѓелкович.
Директор на фотографија е Белгијанката, Виржини Сент Мартин, со која Теона успешно соработуваше на филмот “Јас сум од Титов Велес” што беше потврдено со низа награди меѓу кои и Сребрена Камера на фестивалот Браќа Манаки. Сценограф е Вук Митевски, костимот е на Моника Ломбер.
Проектот беше дел од најценетите предпродукциски собири како Paris Coproduction Villiage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде побудуваше огромен интерес. Во развојната фаза филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Cinelink програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал. Сценариото на филмот потпишано од Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ доби највисоки оценки од сите институции и фондови каде што филмот беше претставен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.