| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место

Синоќа околу 21 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р. (37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.

Во незгодата на местото на настанот починал М.Р.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top