| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ќе дојде ден кога Кацарска и Русковска ќе пропејат за сите нарачки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на масовниот протест пред владата го коментираше и скандалот за прислушкувањето во Јавното Обинителство.

Во ЈО беше пронајдена опрема која повеќе од две години ги прислушкувала сите обвинители и судии. Мицкоски обвини дека, власта не знаеше како да го излажи својот народ, како ќе се испери власта од овој скандал, па затоа прво рекле дека се снимало од 30 септември 2016 година, за подоцна да им текне дека тогаш технички министер за внатрешни работи бил Оливер Спасовски, за на крај да кажат дека се, всушност, се снимало од 2013 година.

-За бадијала се мачите. За бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ и сите членови. Не ви проаѓа повеќе картата на емоција. Народот не ве сожалува, не сте жртва. Вие сте ловците на овој народ. Вие сте ловците на Македонија и на македонскиот народ. Народот ќе ве осуди. Како да ви веруваат овие луѓе дека имаме независно судство, дека имаме независно обвинителство, кога ќе излезе министерот за внатрешни работи и ќе каже ‘ не се сеќирајте, не се грижете, материјалите се на безбедно’. Каде? Кај него во фиока за да може да ги уценува судиите и обвинителите? – запраша Мицкоски.

Господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство и ти ветувам дека јавно ќе се извиниш

Обвини дека сакаат да монтираат случаи и да ги уценуваат обвинителите и судовите.

– -Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, потенцираше Мицкоски во својот говор пред насобраниот народ. – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top