| четврток, 6 декември 2018 |

За комплексите на насадениот министер Димитров

Најмалку што може да направи Димитров по ваквиот срамен чин е да се извини и да си даде оставка. Дали ќе има доблест за тоа? (фото: Влада на РМ)

„Се работи за нација со комплекс, која мора да си бара корења назад 2000 години. Ако го нема Александар Македонски, ние не знаеме кои сме, престанете, срам ми е да ве слушам…“ – овие зборови одекнаа силно минатата недела. И не, не беа тоа зборови на грчки министер за надворешни работи, туку на нашиот македонски министер за надворешни работи. Досега никој толку не го навредил македонскиот народ. Никој! Откако спорот за името официјално трае, не се случило ни еден грчки министер или премиер да каже дека Македонците се нација со комплекс! Но тоа го направи министерот за надворешни на Македонија, кој во суштина треба да ги брани националните интереси токму на тој македонски народ. Не сум слушнал досега за министер за надворешни или премиер или претседател на која било европска држава кој за својот народ, за својата нација, која ја претставува, кажал дека е со комплекс. Можеби основната причина за тоа е што сите тие се избирани на избори од народот кој им ја дава довербата да го претставуваат, за разлика од министерот Никола Димитров, кој беше октроиран или, ако милувате насаден, во министерската фотелја без да учествува на избори и да ја добие довербата на граѓаните.

Никола Димитров вели дека Македонците се нација со комплекс и со тоа несвесно кажува што мисли за Македонците и колку ги презира, колку во суштина ја презира и работата што ја работи. Тој очигледно не ја доживува како чест работата која ја работи дадена од народот да го претставува и води, туку само како добро пополнета биографија, само скалило кон некоја подобра меѓународна позиција на која би земал поголема плата. Тоа е така затоа што никогаш не бил избран за ништо, никогаш не учествувал на ниедни избори. Сè добивал на тацна. Кога би учествувал на избори, би ја носел топлината на секоја подадена рака која силно ја стиска вашата и во вас гледа некој кој може да му помогне на народот, кога би учествувал на избори би го носел со себе секој зрак на секој поглед кога одите да се сретнете со оние кои ве избираат, во тие погледи директно во вашите очи ја има целата филозофија на овој свет, има доверба, очекување, надеж… Затоа, кога Димитров би бил избран на избори, не би кажал дека тие што го избираат се со комплекс.

Оваа епизода со понижувањето од Димитров ме наведува повторно да го ставам во размислување, а можеби и да се предложи мала измена на политичкиот систем и изборниот модел во Македонија кој би значел дека не може да бидете избран за министер или премиер ако претходно не сте избран за пратеник…

Целата колумна на Александар Николоски за „Независен“, прочитајте ја ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top