| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!

Северина Којиќ решила да се разведе од сопругот Игор Којиќ после не цели три и пол години брак, што е и причината поради која српската снаа не се појавила на концертot на свекорот Драган Којиќ Кеба, иако било предвидено да гостува.

Имено Јована и Жељко Јоксимовиќ биле повикани на слава кај Кеба со нивниот кум и менaџер Бане Обрадовиќ. Меѓутоа, кога Северина слушнала за тоа, направила хаос. Се заканила дека ќе ја навреди водитeлката во лице пред сите гости и ќе си замине во Загреб. Неа, ја изнервирало, што во една прилика Јована во својата емисија на една новинарка и поставила прашање за Северина како мајка. Јована професионално си ја работела работата, но Северина се нашла навредена  и никој не можел да и докаже дека водителката нема лоша намера – открива извор близок на семејството и додал дека Кеба испаднал колатерална штета.

Кеба го повикал Бане и го замолил да не ги носи Јована и Жељко. Се нашол во небрано, но морал да застане на страната на снаата. И покрај тоа Северина не била задоволна. Ги собрала своите работи и си заминала во Загреб. Сепак ветила дека ќе дојде за концертот на Кеба, а го излажала, бидејќи не се појавила. Таа требало да испее неколку песни со свекорот и сите ја очекувале, но таа не дошла.

Блиските на семејството Којиќ коменитраат дека со оваа постапка Северина сакала да му покаже да Игор дека нивниот брак е готов.

-И порано имале несогласувања, но Северина го почитувала семејството на Кеба. Сега е извесно дека близу е крајот и дека таа само барала причина да си оди и да го заврши бракот-тврдат упатените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top