| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Малку потешко дека Груевски ќе го вратиме назад (видео)

Заблагоарувајќи им се на учесниците на првата од петте јавни дебати за уставните амандмани, премиерот Зоран Заев вчера потенцираше дека е важна инклузивноста во целиот процес, како и дека некои би сакале Гревски да го вратат назад, но тоа ќе било „малку потешко“.

– Ова е почеток на дебатата и јас навистина научив многу. Знам отприлика каде се правците. Но сакам да знаете дека сакаме искрено да имаме инклузивен процес, не само заради помалите етнички заедници, не заради опозицијата, туку затоа што така граѓаните ќе бидат поспокојни. Некои ќе бидат посреќни и Груевски ако го вратиме назад, но знам дека малку тешко ќе е тоа, рече премиерот Заев, кој посочи дека некогаш се обидувал и да се нашали.

 (видео – Прессингтв.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top