| четврток, 6 декември 2018 |

Осудениот гинеколог Дамчевски избегал од државата

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија, објави Нова ТВ. Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Според Нова ТВ, додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, тие го пронашле во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“. Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top