Анимираниот филм „Алерик“ на Вук Mитевски на штотуку завршениот филмски фестивал во Италија ја освои наградата за најдобар анимиран филм, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.
Од продукцијата информираат дека на последната сесија на Еуримаж, која се одвиваше во Торино, Италија од 9 до 12 декември, добиле поддршка за два филмски проекти. Во 15 филма кои овој пат Еуроимаж ги поддржа на оваа сесија се врбои и новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Кога денот немаше име“. Грантот кој го доби овој филм од овој престижен европски фонд е 180.000 евра.
И вториот филм кој „Сестри и брат Митевски“ го имаше на оваа сесија е новиот филм на еден од највлијателните автори на европската кинематографија, Канскиот лауреат, романецот Кристи Пиу, каде што македонската продуцентска куќа се појавува како копродуцент во неговиот нов филм „Сиера Невада“.
Новиот филм на Теона С. Митевска „Кога денот немаше име“ е македонско- белгиска-словенска копродукција и во моментов е во процес на избор на актери. Снимањето се планира за пролет. „Сиера Невада“ го почнува своето снимање на 15 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Штип почна снимањето на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“
-
Новиот филм на Теона Митевска, „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ е поддржан од Еуроимаж
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ до Лабина Митевска: Изненадени сме од незадоволството искажано во медиумите од страна на продуцентката
-
Лабина Митевска: Не смее некој од позиција на советник на министер да пишува во колумна дека тој филм не смее да го гледа никој