| четврток, 6 декември 2018 |

Последно коло квалификации за Лига Европа: Вардар денес против Фенербахче, Шкендија му гостува на Милан

Два македонски клуба денеска ќе играат во рамките на првите бараж дуели од Лига Европа. Победниците од овие двомечи (кои се играат на принцип дома – гости) ќе обезбедат настап во Лигата на Европа.

Вечерва во Скопје Вардар е домаќин на Фенербахче, додека тетовска Шкендија гостува кај поранешниот европски шампион Милан. Покрај овие два натпревара се играат уште 19 натпревари, а двојките се:

Аполон – Митјиланд, БАТЕ – Алексндрија, Динамо Загреб – Скендербег, Краснодар – Црвена ѕвезда, Хафнарфјордур – Брага, ПАОК – Остерсунд, Викторија Плзен – АЕК Ларнака, Алтах – Макаби Тел Авив, Лудогорец – Судува, Панатинаикос – Атлетик Билбао, Ајакс – Розенборг, Клуб Бриж – АЕК, Домжале – Олимпик Марсеј, Виторул – Салзбург, Легија – Шериф, Осиек – Австрија Виена, Партизан – Видеотон, Евертон – Хајдук и Маритимо – Динамо Киев.

На вчера одиграниот дуел Утрехт го победи Зенит со 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top