Македонскиот ракометен шампион Вардар и вицешампионот Металург ќе ја отворат новата сезона во среда во СЕХА-лигата, а актуелниот шампион се мачи да собере здрава екипа.
Најголемиот хендикеп е отсуството на капитенот Стојанче Стоилов, кое ќе го почувствува не само Вардар, туку и македонската репрезентација.
Стоилов ќе мора да прави операција на десната дланка, откако ја повреди на турнирот во Стразбур, во дуел со Лука Карабатиќ. Прогнозата од Вардар вели дека ќе отсуствува два до три месеци со комплетна рехабилитација по операцијата, тоа значи дека првиот меч би можел да го одигра дури во декември.
-Стоилов ќе биде надвор од теренот два или три месеци. Чекаме да видиме колку точно ќе отсуствува. Тоа е голем проблем за нас, ќе ни недостасува, откри тренерот Парондо пред дуелот со Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.