Два македонски клуба денеска ќе играат во рамките на првите бараж дуели од Лига Европа. Победниците од овие двомечи (кои се играат на принцип дома – гости) ќе обезбедат настап во Лигата на Европа.
Вечерва во Скопје Вардар е домаќин на Фенербахче, додека тетовска Шкендија гостува кај поранешниот европски шампион Милан. Покрај овие два натпревара се играат уште 19 натпревари, а двојките се:
Аполон – Митјиланд, БАТЕ – Алексндрија, Динамо Загреб – Скендербег, Краснодар – Црвена ѕвезда, Хафнарфјордур – Брага, ПАОК – Остерсунд, Викторија Плзен – АЕК Ларнака, Алтах – Макаби Тел Авив, Лудогорец – Судува, Панатинаикос – Атлетик Билбао, Ајакс – Розенборг, Клуб Бриж – АЕК, Домжале – Олимпик Марсеј, Виторул – Салзбург, Легија – Шериф, Осиек – Австрија Виена, Партизан – Видеотон, Евертон – Хајдук и Маритимо – Динамо Киев.
На вчера одиграниот дуел Утрехт го победи Зенит со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.