| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го победи Веспрем

Вардар вечерва го совлада Веспрем со 25-27 и останаа на лидерската позиција во групата. Мечот беше до крајот тензичен и непредвидлив, но вардарци беа поконцентрирани и поконстантни во решавачките минути. Дејан Милосављев имаше 12 одбрани, Тимур Дибиров постигна шест, Вуко Борозан пет, а Даинис Криштопанс и Иван Чупиќ завршија со по четири гола во таборот на Вардар. Кај Веспрем, најефикасен беше Драган Гајиќ со пет гола, Дејан Манасков постигна три од три, сите во второто полувреме.

Следниот предвизвик за Вардар во ЛШ ќе биде дуелот со Рајн Некар Левен на 6 октомври во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top