| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ќе игра за трето место против Лајпциг

На турнирот во Германија што е прва контрола за ракометарите на Вардар по завршување на висинските подготовки, „црвено-црните“ денес ќе играат против Лајпциг во дуел за 3.место. Средбата е закажана за 13:15 часот.

Вардар во второто коло го победи Фуксе Берлин со 32:24, а претходно загуби од ХСВ Хамбург со 25:31. Тоа му овозможи на Вардар да игра за третото место.

Според постигнатите резултати и гол разликата противник на македонскиот шампион требаше да биде повторно Фуксе Берлин, а Лајпциг да игра повторно со Монпеље во финалето. Но, организаторот и екипите се договорија да се направи компромис и тимовите да имаат шанса да играат против друг ривал.

Така Лајпциг се согласи да игра со Вардар, а Монпеље ќе игра со Фуксе Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top