| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје го презема Вардар, Самсоненко дефинитивно заминува од Вардар

Сергеј Самсоненко и дефинитивно го остава Вардар, враќајќи го повторно на Град Скопје од кого го доби во јануари 2014 година, објави порталот „Екипа“.

Комплетната нова промена на сопственичката структура треба да се реализира во јануари 2019 година кога и дефинитивно Самсоненко ќе се повлече од клубот. До тогаш, Русинот мора да си ги подмири сите долгови кон фудбалерите, стручниот штаб но и кон доверители на ФК Вардар поради што деновиве наводно е блокирана и сметката на најтрофејниот македонски клуб, пишува „Екипа“.

При промената во јануари следната година ќе следи и комплетна промена на сите раководни лица во клубот.

Информацијата за заминувањето на Самсоненко,  по средбата со претставниците на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, им е пренесена и на вработените во ФК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top