Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:
Народот на готовс
Македонија ќе се брани по секоја цена
Уште од самиот почеток предупредував дека овој мирен народ има граница на толеранција. И ако мирниот џин во еден момент биде испровоциран да се трансформира во ѕвер, тогаш ќе треба да му ја мисли тој што го предизвикал неговиот гнев. Е сега, истите тие што се закануваа со крвави улици, со влечење за уши, со цевки, со воспитни шамари, со „метење“ на неистомисленици… сега кукаат и плачат од најавите за самоорганизирање народни патриотски групи. Па, добро, што очекуваа? Дека народот ќе седи и ќе ги гледа како му ја уништуваат државата? Мислеа дека со тоа што надворешните пријатели го активираа СЈО да спроведува хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија работата? А, помислија ли како ќе се справат со народот? Ќе ги уапсат сите Македонци? Па, нека повелат. Нека се обидат да ги уапсат сите 200.000 патриоти на улиците! Но, кога ќе тргнат по нив, нека си подготват уште неколку стотици илјади пара лисици плус затоа што дури тогаш ќе се соочат со гневот на целиот македонски народ.
Отпорен на пропаганди и туѓи агенди
Македонецот се покажа како жилаво месо за сите што му се настрвија
Македонската држава, иако под силен притисок од внатрешни и од надворешни фактори, иако без влада повеќе од четири месеци, иако цели три години нагризувана од разни сплетки, интриги и тајни операции, покажува дека е жилав противник за сите што ѝ се настрвија последниве години. И за соседите што директно или индиректно влегоа во битка за нејзино разнебитување, и за внатрешните политички фактори што своите лични политички цели ги поврзуваат со странски центри на моќ што тераат своја агенда. Македонија не попушта ни пред делови од своето население, кое упорно, иако еднаш веќе доби промена на Уставот со инкорпорирање на Рамковниот договор, сега повторно бара целосна нова политичка реалност
ИНТЕРВЈУ: Драган Вучичевиќ, главен уредник на српски „Информер“
Македонското и српското сценарио се дела на ист автор
Западните моќници сакаат да ѝ ја скршат „кичмата“ на Србија. Нивната цел е да нѐ сведат во позиција на мали, слаби, вазални, балкански државички, кои послушно ќе извршуваат наредби од Брисел и од Вашингтон. Тоа е суштината на проблемот, вели Драган Вучичевиќ, главен и одговорен уредник на најтиражниот српски весник „Информер“, во интервју за „Република“. За Вучичевиќ, кој важи за најмоќна медиумска фигура на политичката сцена во Србија, е очигледно дека „македонските“ и „српските“ сценарија се дела на ист автор. Тој автор, како што вели новинарот, сака од нашите држави да направи вазални творби со кои ќе прави што сака и како сака.
- Очигледно дека „македонските“ и „српските“ сценарија се дела на ист автор. Тој автор сака од нашите држави да направи вазални творби со кои ќе прави што сака и како сака. Сфаќаме дека Вучиќ и Груевски пречат од иста причина. Баш како што западните злосторници Зоран Заев во Скопје и Саша Јанковиќ во Белград им требаат од иста причина, да ги вршат истите валкани работи против своите народи и своите држави. Погледнете како денес во Србија се обидуваат бесрамно да лажат дека имало некаква изборна кражба, а сите контролори на опозицијата на сите избирачки места се потпишаа на записниците и потврдија дека изборите беа фер и чесни!? Во изборната ноќ сите опозициски кандидати го признаа изборниот резултат на Александар Вучиќ. Не честитаа, но признаа. А тогаш, за само 24 часа, почнаа демонстрации и измислени приказни за кражба. Јасно е дека за тоа стигна налог од Запад, вели Вучичевиќ за Република.
СДСМ бега од локални избори
Левицата е свесна за гневот на народот
Зоран Заев си даде „фора“ од шест месеци до следното соочување со ВМРО-ДПМНЕ. Ни помалку, ни повеќе. „Септември или октомври“, ова е посакуваниот термин на бестрашниот лидер за датум за локални избори, составено во интервју за „24 вати“. Му се сони или, сепак, му се испушти?
Да, дефинитивно е време на силни потреси. Различни. Во исто време кога државата се тресе од надвисната тиранската платформа, СДСМ се тресе од страв од избори. Стар, добро познат страв за нив. Многу реален. А би требало, имаат и зошто. Со резултат на изборите од 11 декември, кој за многумина е пандан на нечија милениумска добивка на лотарија, најголем страв и треба да им биде ново соочување со народот.
Закани со „бомби“ во Собранието
СДСМ не се откажува од нелегалните снимки
Сигурноста и слепата верба на заевистите во СЈО ги „отвора“ и во политичката битка што се бие во парламентот за зачувување на целовитоста на државата. Еден од поискусните пратеници во парламентот, Антони Милошоски јавно соопшти дека му биле упатени закани поради неговите ставови против Заев и дека „не би било чудно“ да биде повикан во СЈО. Милошоски открива и дека не е единствениот за кого се поведени слични постапки „како политички и институционален метод на притисок“. Не може да не се смета за притисок ниту ланскиот обид на предводникот на СЈО, Катица Јанева, која во Собранието токму на прашање на Милошоски се обиде да биде малициозна посочувајќи дека го слушала внимателно „како што го слушала“ во бомбите.
Но работата е многу посериозна од петпарачките приказни за подгревање на ниските страсти на „широките народни маси“, за што заевистите одамна поединечно се имаат изјаснето како гледаат на нив. По секој голем претрпен пораз на политички план, заевистите го активираат меѓуетничкото оружје, со кревање на тензиите за постоење разговор за етничко сензитивни случаи. Играњето врз тенката жица на соживотот за предизвикување меѓуетнички тензии со најави за „бомби“ со содржина за „вистината“ за масакрот кај Смиљковско Езеро или за Диво Насеље до сега веќе неколку пати е злоупотребено.
Колумна, Ацо Станковски
Пророштва
Да се насетува со интуиција, која инспирира или застрашува, да се добие молскавична визија за некое собитие или прокоба, да се пророкува, тоа е непоимлива состојба на свеста, која знае секого длабоко да вознемири. И тaa вознемиреност почнува да расте, да станува толку доминантна, што никако не ви дава мир и спокој, а целото ваше битие да се посвети со манијакална пасионираност на пророштвото.
Најчесто овие визии се потиснуваат, луѓето на некој чудесен начин ја насетуваат целата конфликтност и асоцијалност, која доаѓа со едно поскрупулозно предавање на пророчките визии.
– Никој не сака да биде малтретиран! Ова не е фраза, туку вселенски закон и вистина за секого.
Но има луѓе со неостварливи идеи и непоимливо силна волја. Ова се луѓето што вршат терор врз остатокот мирни и тажни граѓани на Поранешната Југословенска Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.