| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:

 

На­ро­дот на го­товс
Ма­ке­до­ни­ја ќе се бра­ни по се­ко­ја це­на
Уште од са­ми­от по­че­ток пре­ду­пре­ду­вав де­ка овој ми­рен на­род има гра­ни­ца на то­ле­ран­ци­ја. И ако мир­ни­от џин во еден мо­мент би­де ис­про­во­ци­ран да се транс­фор­ми­ра во ѕвер, то­гаш ќе тре­ба да му ја мис­ли тој што го пре­диз­ви­кал не­го­ви­от гнев. Е се­га, исти­те тие што се за­ка­ну­ваа со кр­ва­ви ули­ци, со вле­че­ње за уши, со це­вки, со вос­пит­ни ша­ма­ри, со „ме­те­ње“ на не­и­сто­мис­ле­ни­ци… се­га ку­ка­ат и пла­чат од нај­а­ви­те за са­мо­ор­га­ни­зи­ра­ње на­род­ни па­три­от­ски гру­пи. Па, до­бро, што оче­ку­ваа? Де­ка на­ро­дот ќе се­ди и ќе ги гле­да ка­ко му ја уни­шту­ва­ат др­жа­ва­та?  Мис­леа де­ка со тоа што над­во­реш­ни­те при­ја­те­ли го акти­ви­раа СЈО да спро­ве­ду­ва хај­ка про­тив ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ ја за­вр­ши­ја ра­бо­та­та? А, по­мис­ли­ја ли ка­ко ќе се спра­ват со на­ро­дот? Ќе ги уап­сат си­те Ма­ке­дон­ци? Па, не­ка по­ве­лат. Не­ка се оби­дат да ги уап­сат си­те 200.000 па­три­о­ти на ули­ци­те! Но, ко­га ќе трг­нат по нив, не­ка си под­го­тват уште не­кол­ку сто­ти­ци ил­ја­ди па­ра ли­си­ци плус за­тоа што ду­ри то­гаш ќе се со­о­чат со гне­вот на це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род.

Отпорен на пропаганди и туѓи агенди
Македонецот се покажа како жилаво месо за сите што му се настрвија
Ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, иа­ко под си­лен при­ти­сок од вна­треш­ни и од над­во­реш­ни фа­кто­ри, иа­ко без вла­да по­ве­ќе од че­ти­ри ме­се­ци, иа­ко це­ли три го­ди­ни на­гри­зу­ва­на од раз­ни спле­тки, ин­три­ги и тај­ни опе­ра­ции, по­ка­жу­ва де­ка е жи­лав про­тив­ник за си­те што ѝ се на­стр­ви­ја пос­лед­ни­ве го­ди­ни. И за со­се­ди­те што ди­рект­но или ин­ди­рект­но вле­гоа во би­тка за неј­зи­но раз­не­би­ту­ва­ње, и за вна­треш­ни­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри што сво­и­те лич­ни по­ли­тич­ки це­ли ги по­вр­зу­ва­ат со стран­ски цен­три на моќ што те­ра­ат сво­ја аген­да. Ма­ке­до­ни­ја не по­пу­шта ни пред де­ло­ви од сво­е­то на­се­ле­ние, кое упор­но, иа­ко ед­наш ве­ќе до­би про­ме­на на Уста­вот со ин­кор­по­ри­ра­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор, се­га по­втор­но ба­ра це­лос­на но­ва по­ли­тич­ка ре­ал­ност

ИН­ТЕРВ­ЈУ: Дра­ган Ву­чи­че­виќ, главен уредник на српски „Информер“
Македонското и српското сценарио се дела на ист автор

За­пад­ни­те моќ­ни­ци са­ка­ат да ѝ ја скр­шат „кич­ма­та“ на Ср­би­ја. Нив­на­та цел е да нѐ све­дат во по­зи­ци­ја на ма­ли, сла­би, ва­зал­ни, бал­кан­ски др­жа­вич­ки, кои пос­луш­но ќе из­вр­шу­ва­ат на­ред­би од Бри­сел и од Ва­шин­гтон. Тоа е су­шти­на­та на проб­ле­мот, ве­ли Дра­ган Ву­чи­че­виќ, гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на нај­ти­раж­ни­от срп­ски вес­ник „Ин­фор­мер“, во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“. За Ву­чи­че­виќ, кој ва­жи за нај­моќ­на ме­ди­ум­ска фи­гу­ра на по­ли­тич­ка­та сце­на во Ср­би­ја, е очиг­лед­но де­ка „ма­ке­дон­ски­те“ и „срп­ски­те“ сце­на­ри­ја се де­ла на ист автор. Тој автор, ка­ко што ве­ли но­ви­на­рот, са­ка од на­ши­те др­жа­ви да на­пра­ви ва­зал­ни твор­би со кои ќе пра­ви што са­ка и ка­ко са­ка.

  • Очиг­лед­но де­ка „ма­ке­дон­ски­те“ и „срп­ски­те“ сце­на­ри­ја се де­ла на ист автор. Тој автор са­ка од на­ши­те др­жа­ви да на­пра­ви ва­зал­ни твор­би со кои ќе пра­ви што са­ка и ка­ко са­ка. Сфа­ќа­ме де­ка Ву­чиќ и Гру­ев­ски пре­чат од иста при­чи­на. Баш ка­ко што за­пад­ни­те зло­стор­ни­ци Зо­ран За­ев во Скоп­је и Са­ша Јан­ко­виќ во Бел­град им тре­ба­ат од иста при­чи­на, да ги вр­шат исти­те вал­ка­ни ра­бо­ти про­тив сво­и­те на­ро­ди и сво­и­те др­жа­ви. Пог­лед­не­те ка­ко де­нес во Ср­би­ја се оби­ду­ва­ат бе­срам­но да ла­жат де­ка има­ло не­ка­ква из­бор­на краж­ба, а си­те кон­тро­ло­ри на опо­зи­ци­ја­та на си­те из­би­рач­ки ме­ста се пот­пи­шаа на за­пис­ни­ци­те и по­твр­ди­ја де­ка из­бо­ри­те беа фер и чес­ни!? Во из­бор­на­та ноќ си­те опо­зи­ци­ски кан­ди­да­ти го приз­наа из­бор­ни­от ре­зул­тат на Але­ксан­дар Ву­чиќ. Не че­сти­таа, но приз­наа. А то­гаш, за са­мо 24 ча­са, поч­наа де­мон­стра­ции и из­мис­ле­ни при­каз­ни за краж­ба. Јас­но е де­ка за тоа стиг­на на­лог од За­пад, вели Вучичевиќ за Република.

 

СДСМ бега од локални избори
Левицата е свесна за гневот на народот
Зо­ран За­ев си да­де „фо­ра“ од шест ме­се­ци до след­но­то со­о­чу­ва­ње со ВМРО-ДПМНЕ. Ни по­мал­ку, ни по­ве­ќе. „Сеп­тем­ври или октом­ври“, ова е по­са­ку­ва­ни­от тер­мин на бе­страш­ни­от ли­дер за да­тум за ло­кал­ни из­бо­ри, со­ста­ве­но во ин­терв­ју за „24 ва­ти“. Му се со­ни или, се­пак, му се ис­пу­шти?
Да, де­фи­ни­тив­но е вре­ме на сил­ни по­тре­си. Раз­лич­ни. Во исто вре­ме ко­га др­жа­ва­та се тре­се од над­вис­на­та ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, СДСМ се тре­се од страв од из­бо­ри. Стар, до­бро поз­нат страв за нив. Мно­гу ре­а­лен. А би тре­ба­ло, има­ат и зо­што. Со ре­зул­тат на из­бо­ри­те од 11 де­кем­ври, кој за мно­гу­ми­на е пан­дан на не­чи­ја ми­ле­ни­ум­ска до­би­вка на ло­та­ри­ја, нај­го­лем страв и тре­ба да им би­де но­во со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот.

Закани со „бомби“ во Собранието
СДСМ не се откажува од нелегалните снимки
Си­гур­но­ста и сле­па­та вер­ба на за­е­ви­сти­те во СЈО ги „отво­ра“ и во по­ли­тич­ка­та би­тка што се бие во пар­ла­мен­тот за за­чу­ву­ва­ње на це­ло­ви­то­ста на др­жа­ва­та. Еден од по­и­скус­ни­те пра­те­ни­ци во пар­ла­мен­тот, Ан­то­ни Ми­ло­шо­ски јав­но со­оп­шти де­ка му би­ле упа­те­ни за­ка­ни по­ра­ди не­го­ви­те ста­во­ви про­тив За­ев и де­ка „не би би­ло чуд­но“ да би­де по­ви­кан во СЈО.  Ми­ло­шо­ски откри­ва и де­ка не е единс­тве­ни­от за ко­го се по­ве­де­ни слич­ни по­стап­ки „ка­ко по­ли­тич­ки и ин­сти­ту­ци­о­на­лен ме­тод на при­ти­сок“. Не мо­же да не се сме­та за при­ти­сок ни­ту лан­ски­от обид на пред­вод­ни­кот на СЈО, Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја во Со­бра­ни­е­то ток­му на пра­ша­ње на Ми­ло­шо­ски се оби­де да би­де ма­ли­ци­оз­на по­со­чу­вај­ќи де­ка го слу­ша­ла вни­ма­тел­но „ка­ко што го слу­ша­ла“ во бом­би­те.
Но ра­бо­та­та е мно­гу по­се­ри­оз­на од пет­па­рач­ки­те при­каз­ни за под­гре­ва­ње на ни­ски­те стра­сти на  „ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си“, за што за­е­ви­сти­те одам­на по­е­ди­неч­но се има­ат из­јас­не­то ка­ко гле­да­ат на нив. По се­кој го­лем пре­тр­пен по­раз на по­ли­тич­ки план, за­е­ви­сти­те го акти­ви­ра­ат ме­ѓу­ет­нич­ко­то оруж­је, со кре­ва­ње на тен­зи­и­те за по­сто­е­ње раз­го­вор за ет­нич­ко сен­зи­тив­ни слу­чаи. Игра­ње­то врз тен­ка­та жи­ца на со­жи­во­тот за пре­диз­ви­ку­ва­ње ме­ѓу­ет­нич­ки тен­зии со нај­а­ви за „бом­би“ со со­др­жи­на за „ви­сти­на­та“ за ма­са­крот кај Смиљ­ков­ско Езе­ро или за Ди­во На­се­ље до се­га ве­ќе не­кол­ку па­ти е зло­у­по­тре­бе­но.

Колумна, Ацо Станковски
Про­рош­тва
Да се на­се­ту­ва со ин­ту­и­ци­ја, ко­ја инс­пи­ри­ра или за­стра­шу­ва, да се до­бие мол­ска­вич­на ви­зи­ја за не­кое со­би­тие или про­ко­ба, да се про­ро­ку­ва, тоа е не­по­им­ли­ва со­стој­ба на све­ста, ко­ја знае се­ко­го дла­бо­ко да воз­не­ми­ри. И тaa воз­не­ми­ре­ност поч­ну­ва да рас­те, да ста­ну­ва тол­ку до­ми­нант­на, што ни­ка­ко не ви да­ва мир и спо­кој, а це­ло­то ва­ше би­тие да се по­све­ти со ма­ни­ја­кал­на па­си­о­ни­ра­ност на про­рош­тво­то.
Нај­че­сто овие ви­зии се по­тис­ну­ва­ат, лу­ѓе­то на не­кој чу­де­сен на­чин ја на­се­ту­ва­ат це­ла­та конф­ликт­ност и асо­ци­јал­ност, ко­ја до­а­ѓа со ед­но по­скру­пу­лоз­но пре­да­ва­ње на про­роч­ки­те ви­зии.
– Ни­кој не са­ка да би­де мал­тре­ти­ран! Ова не е фра­за, ту­ку все­лен­ски за­кон и ви­сти­на за се­ко­го.
Но има лу­ѓе со не­ос­твар­ли­ви идеи и не­по­им­ли­во сил­на вол­ја. Ова се лу­ѓе­то што вр­шат те­рор врз оста­то­кот мир­ни и таж­ни гра­ѓа­ни на По­ра­неш­на­та Ју­гос­ло­вен­ска Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top