| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на Република ќе читате

 

СЈО го штити предавството на Заев
Хајка против ВМРО-ДПМНЕ за уривање на Македонија
За сега Катица успеа да докаже само едно – дека во Македонија во моментот не владее правото туку силата, а со државата не управуваат македонските институции туку странските амбасадори. Оттука, лесно е да се заклучи дека најавените судски реформи ќе бидат само фарса за целосно ставање под контрола на судовите и судиите кои ќе треба да ја заокружат инквизицијата. Затворањето на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде лекција за сите непослушни патриоти кои ќе се дрзнат да им се спротивстават на интересите на странците.

Националните интереси во прв план
Време е за силни црвени линии на Македонија
Откако Заевата дружина лично во Атина и во Софија осозна дека пречките за евроатланските интеграции не се ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со „неговата волја“, време е конечно да се заземе цврст став за националните интереси, зад кои со сигурност ќе застанат и албанските политички елити. Само така Македонија ќе биде вистински партнер, а општеството нема да се најде во опасност од нови, посилни и понасилни, интервенции од страна

Надежите се претворија во кошмари
Посетата на Нимиц дипломатско фијаско од невидени размери
Прво на листата на прашања е зошто владата го повика медијаторот Нимиц во Скопје, затоа што според генералниот секретар на ОН, Португалецот Гутиереш, медијаторот во Скопје дошол на покана од македонската влада. Доаѓањето на Нимиц во Скопје и неговата изјава дека во наредниве неколку месеци не е добро време за давање нов предлог е дипломатско фијаско од невидени размери.  Да ја дадеше Нимиц изјавата пред 25 години, кога започна да се занимава со нас, ќе беше разбирливо. Да кажеше дека не е време за нов предлог пред избори во Грција или кај нас, исто така ќе разберевме, но тој тоа го кажа во, според него, попозитивен контекст и во Македонија и во регионот, а притоа веднаш по средбите во Скопје доби абер од Атина ич да не се појавува во тамошното МНР и во владата.

Заев го излажа Иванов
Тиранската платформа се спроведува на големо
Паралелно со доаѓањето на „животот“, во Македонија на голема врата дојде и Тиранската платформа. Скромно си затропа по социјалдемократските владини порти, а Заев и компанија ја дочекаа силно, радосно и растреперено, во позиција на „низок старт“ за страсна прегратка, „влажни“ и желни да исполнат. Затоа, ја примија со црвен тепих и должна почит. Не е шега, да не беше непрокопсаната тиранска „чудесија“, сѐ уште ќе си дремеа на скопската „Павел Шатев“ и само ќе си сонуваа и ќе си липаа за „Илинденска“. Затоа, уште во првите десетина денови од владеењето, новите владетели ја гоштаваа гладната платформа со дузина национални специјалитети. Буквално, национални, побуквално здравје. Има ли нешто понационално од името, идентитетот, историјата? А долгот си е долг, особено оној кон албанските им добротвори и коалиционери кои „поттикнати“ од „чадорот“ и ги дотуркаа до ваму.

Многу милионери помеѓу владините министри
Владата на Заев тежи над 38 милиони евра
Владата на Зоран Заев тежи повеќе од 38 милиони евра, покажуваат податоците од анкетните листови објавени од Државната комисија за спречување корупција. Речиси три четвртини од пријавениот имот на министрите му припаѓаат на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а симптоматично е тоа што Заев пријавил имот од само 70.000 евра. Иако во јавноста во минатото беа објавени информации дека кланот Заеви во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ преку дваесетина фирми свртеле над 200 милиони евра, тој се правдаше дека нема ништо со имотот на неговото богато семејство, чијшто капитал самиот во 2013 година го процени на 6-7 милиони евра, и уште 5-6 милиони евра во кредити.
Оттука останува отворено прашањето дали Заев го пријавил целиот капитал со кој располага или внимателно одбрал што ќе ѝ покаже на јавноста за да се претстави како човек од „средната класа“. Во јавноста на големо се зборува дека и останатите членови на владиниот кабинет не биле до крај искрени, но дури и од јавно приложеното може да се види дека голем дел од нив во услови на „режим“ успеале да „натоварат“ милиони евра капитал. Оние кои се жалеа на сиромаштија, всушност, се далеку побогати од тоа што го прикажуваат пред граѓаните.

Уште едно лага на СДС излезе на виделина
За еден месец ја задолжија државата за 60 милиони евра
По доаѓањето на власт ќе престане домашното задолжување. Вака барем ветуваа социјалдемократите пред изборите. Но, тоа остана само ветување. Задолжувањата продолжија, а последното беше направено во вторникот на 4 јули. Во таа пригода државата се задолжи со 27 милиони евра, речиси 3 милиони евра повеќе од планираното. Од Министерството соопштија дека задолжувањето на домашниот пазар се прави за да се обезбедат средства за покривање на дефицитот по најниска каматна стапка. Сепак, за што ќе се користат парите освен за враќање на доспеаните обврски, никој не кажува. На ова задолжување реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека владата се задолжува повеќе отколку што е потребно за раздолжување и јавно прашуваат на што ќе бидат потрошени останатите пари од задолжувањето.

ЛГБТ заедницата ја здрма коалицијата
Кој ги активира „дивите меса“ во СДС и во ДУИ?!
Клетвите“ против ЛГБТИ-заедницата што ги упати левата рака на Зоран Заев во партијата ја отворија Пандорината кутија и создадоа хаос во до вчера „големата љубов и разбирање“ меѓу социјалдемократите и хомосексуалната заедница во Македонија. Иако социјалдемократијата во Европа и во светот се залага за унапредување на состојбата со човековите права, особено на маргинализираните заедници меѓу кои е и ЛГБТИ-заедницата, потпретседателот на социјалдемократите излезе со еден поинаков став –  дека хомосексуалноста е за секаква осуда. За тоа како овие ставови се вклопуваат во социјалдемократските вредности кои тој како потпретседател на СДСМ треба да ги споделува, Зекири вели дека секогаш имало исклучоци од таквата пракса.

Клиничкиот центар чека нова дијагноза
Владата неодговорно кочи проект тежок 72 милиони евра
во почетокот на неделата, Арбен Таравари, најави дека на Македонија ѝ е потребен комплетно нов клинички центар кој ќе биде лоциран на друго место. Во јавноста се споменуваше дека тој би се градел надвор од Скопје, за возилата на итната медицинска помош од другите градови да имаат подобар пристап и да има паркинг. Но, освен ставот дека клиничкиот центар треба да се гради на друго место, од Министерството за здравство не ја соопштија својата одлука зошто сметаат дека на државата ѝ е потребен комплетно нов центар кога веќе е потпишан договор за градба. Не кажуваат ни кога би почнала изградбата, ниту пак дали договорот кој веќе е потпишан е обврзувачки клиничкиот центар да се гради на местото на стариот објект на ГАК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top