Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 13 јануари 2017 година, ќе читате:
Стоп за платениците на Сорос
Десороизацијата е историска задача
Матрицата е насекаде иста. Унгарија, Украина, Хрватска, Русија, Македонија, Србија… Истата шема дејствува на сите. Криминалецот Ходорковски бил слободоумен, Путин диктатор итн. Каде и да се дигне некоја нација, не дај Боже со десничарка влада, тука е Сорос со филијалите да стави сопка. Една од сестринските фирми му е НЕД. И неа ја забранија во Русија. Американецот и републиканец Рон Пол напиша: „Орвелијански е да се тврди дека американските манипулации на избори во странски држави, наводно, ја развиваат демократијата. Како би реагирале Американците, доколку, да речеме, Кинезите со милиони долари поддржуваат прокинески политичари во САД? Дали и тоа би бил развој на демократијата?“ Аналитичарот Пол Крег Робертс, пак, праша: „Зошто на Русија ѝ требаа цели 20 години за да сфати дека НЕД и Отворено општество не се организации што ѝ сакаат добро, туку криминални, кои насекаде по светот работат на дестабилизација на влади и на држави…“
Истото, 25 години се случува во Македонија, особено засилено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, оти кога е СДСМ немаат потреба да се заморуваат. Џорџ Сорос е раснет во семејство на „интернационалисти“, кои зборувале есперанто. Вистинското име му е Ѓорѓи Шварц (Gyorgy Schwartz), а самододаденото Сорос на есперанто значи „ќе лета“. Епа, крајно време е неговите пари и тој да „летаат“ од Македонија. Не е битно каде, затоа што каде и да одат, завршат и „слетаат“, нема да направат добрини. Време е за проветрување, паралелно со дератизација и со десороизација…
Куклена претстава во Тирана
Албанците го користат предавството на Заев
„Божикната честитка“ од албанските партии упатена до Македонците, во која отворено го уценуваат мнозинството и индиректно навестуваат војна, можеби е со потписите на Ахмети, Касами и на Села, но јасно се гледа дека го има ракописот на истиот оној кој во текот на двегодишната политичка криза и за време на изборната кампања му ги пишуваше говорите на Зоран Заев, a во кои лидерот на СДСМ ветуваше редефинирање на државата, двојазичност, менување на Уставот… Затоа, да не се правиме наивни и недоветни дека сме шокирани од односот на Еди Рама, кој, патем, не е ништо друго освен уште една марионета која се крие под истиот чадор што го штити и Заев. Уште помалку затекнати треба да бидеме од ставовите и од барањата на политичките претставници на албанското малцинство, кои, пак, многу пати досега јасно се изјасниле дека беспоговорно ги следат упатствата од Калето.
Колумна, Горан Момироски
Ревизијата на Охридскиот договор е најопасна за Албанците
Платформата на албанските партии, со која од идните македонски партнери во Владата се бараат максималистички национални бенефиции само за Албанците во Македонија, може да биде почеток на едно темелно редефинирање на Македонија. Постојат два начина преку кои Македонија може да ја промени својата реалност во однос на албанското прашање. Ниту еден од двата начини на промена на актуелните односи во општеството не може да донесе добро за македонските граѓани. Првиот начин речиси сигурно води во конфликт, кој лесно може од етнички да прерасне во општа војна на идеолошки, национален, верски и партиски план. Вториот начин, исто така, е закана за стабилноста на Македонија затоа што губењето на стекнатите права на Албанците со Охридскиот договор може да го мобилизира не само албанскиот фактор во Македонија, туку и во соседството и во дијаспората, по што лесно може да ни се повтори 2001 година.
ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од граѓаните
Подмладување и освежување на тимот што победува
Најавените промени на функционери од ешалоните во владејачката хиерархија не се ниту први ниту последни што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ. Не се работи за „партиска чистка“ или, пак, за чисто политички мотивирани промени, колку што главната мотивација и поттик произлегуваат од фактот дека администрацијата (читај: власта) е и мора да биде сервис на граѓаните. Тој сервис, пак, мора да се развива и надградува според потребите на граѓаните и во согласност со предизвиците што ги носи напредувањето на институциите на државата.
Од временски аспект, интересни се три моменти кога се најавени промените. Прво, тоа е постизборниот момент, со посебен акцент на платформата на партиите на етничките Албанци во Македонија; вториот е владеењето на локалните власти, кои се раководени од коалицијата раководена од ВМРО-ДПМНЕ; и третиот аспект е однесувањето на дел од администрацијата.
Колумна, Љупчо Пренџов
Празен џокер!
Да се има политичка платформа, па дури и националистичка, е сосема легитимно, дури и веќе стопати видено. Се составува, се декларира и се изложува пред народот, односно пред граѓаните. И тие, потоа, на избори се изјаснуваат за неа: ја прифаќаат или не.
Вака би требало да изгледа нормалниот тек на работите. Но, нели, кај нас сѐ е превртено на глава, па и платформата на албанскиот политички блок што ни ја испорачаа домашните политичари откако „вкусно“ им ја зготвија вештите кулинари во Приштина и во Тирана, па на замаглената политичка сцена се појави како „џокер во покер“. Кому му требаше оваа платформа? На ДУИ? Можеби, затоа што оваа партија, според номиналните резултати, и натаму е „албански победник“ во Македонија, но според политичкото паметење и актуелниот контекст на работите – апсолутен губитник со преполовени гласачи, а богами и мандати во законодавниот дом. Рака на срце, Али Ахмети си имаше своја „мини-платформа“, односно столбови на изборната програма уште во старт, но ова некако му доаѓа како екстра-профит или акциза на луксузна стока.
Колумна, Ацо Станковски
Трамп
Не им успеа на Ротшилдови и на Рокфелерови, на Морганови и на Вартбурси, ниту на нивните слуги, како Сорос или кибернетските моќници, нити, пак, на сомнителни побожни типови, како Бил Гејтс или, пак, Ворен Бафет да опстанат на препораките на моќната американска масонерија, нити, пак, на нивната морничава Библија, насловена како „Морал и догма“ од патријархот на овие тајни друштва – Алберт Пајк. Ништо не остана, сѐ пропадна, а пропадна зашто е создадено од таков ентитет, како што е човекот, а не од Бога. Или, ако сакате, не е од вселенскиот ум, туку само од една мала негова трошка, со преголемо мислење за себеси.
Двоглед
Заев не дојде на рочиште поради средба со камин на дрва
Зоран Заев побара одложување на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ поради тоа што имал неодложна средба со камин на дрва, соопштија Зоран Заев и неговиот тим адвокати.
По 17-те одложувања поради средби на Заев со портири, шофери и со кафе-кувари на странски амбасади, денешното одложување е прво поради средба со грејно тело.
„Лидерот Зоран Заев на опозицијата што е значи, денес за голема жал не можеше да дојде на судење бидејќи имаше неодложна средба со камин од типот на дрва, којшто, како што знаеме, значи согорува и грее со помош на оган, што е оганот на слободата и олимпијадата“, соопшти Зоран Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.