| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 13 јануари 2017 година, ќе читате:

naslovna_REPUBLIKA-br228_520px

Стоп за платениците на Сорос
Десороизацијата е историска задача
Ма­три­ца­та е на­се­ка­де иста. Ун­га­ри­ја, Укра­и­на, Хр­ват­ска, Ру­си­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја… Иста­та ше­ма дејс­тву­ва на си­те. Кри­ми­на­ле­цот Хо­дор­ков­ски бил сло­бо­до­у­мен, Пу­тин ди­кта­тор итн. Ка­де и да се диг­не не­ко­ја на­ци­ја, не дај Бо­же со дес­ни­чар­ка вла­да, ту­ка е Со­рос со фи­ли­ја­ли­те да ста­ви соп­ка. Ед­на од се­стрин­ски­те фир­ми му е НЕД. И неа ја за­бра­ни­ја во Ру­си­ја. Аме­ри­ка­не­цот и ре­пуб­ли­ка­нец Рон Пол на­пи­ша: „Ор­ве­ли­јан­ски е да се твр­ди де­ка аме­ри­кан­ски­те ма­ни­пу­ла­ции на из­бо­ри во стран­ски др­жа­ви, на­вод­но, ја раз­ви­ва­ат де­мо­кра­ти­ја­та. Ка­ко би ре­а­ги­ра­ле Аме­ри­кан­ци­те, до­кол­ку, да ре­че­ме, Ки­не­зи­те со ми­ли­о­ни до­ла­ри под­др­жу­ва­ат про­ки­не­ски по­ли­ти­ча­ри во САД? Да­ли и тоа би бил раз­вој на де­мо­кра­ти­ја­та?“ Ана­ли­ти­ча­рот Пол Крег Ро­бертс, пак, пра­ша: „Зо­што на Ру­си­ја ѝ тре­баа це­ли 20 го­ди­ни за да сфа­ти де­ка НЕД и Отво­ре­но оп­штес­тво не се ор­га­ни­за­ции што ѝ са­ка­ат до­бро, ту­ку кри­ми­нал­ни, кои на­се­ка­де по све­тот ра­бо­тат на де­ста­би­ли­за­ци­ја на вла­ди и на др­жа­ви…“
Исто­то, 25 го­ди­ни се слу­чу­ва во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но за­си­ле­но ко­га ВМРО-ДПМНЕ е на власт, оти ко­га е СДСМ не­ма­ат по­тре­ба да се за­мо­ру­ва­ат. Џорџ Со­рос е рас­нет во се­мејс­тво на „ин­тер­на­ци­о­на­ли­сти“, кои збо­ру­ва­ле ес­пе­ран­то. Ви­стин­ско­то име му е Ѓор­ѓи Шварц (Gyorgy Schwartz), а са­мо­до­да­де­но­то Со­рос на ес­пе­ран­то зна­чи „ќе ле­та“. Епа, крај­но вре­ме е не­го­ви­те па­ри и тој да „ле­та­ат“ од Ма­ке­до­ни­ја. Не е бит­но ка­де, за­тоа што ка­де и да одат, за­вр­шат и „сле­та­ат“, не­ма да на­пра­ват до­бри­ни. Вре­ме е за про­ве­тру­ва­ње, па­ра­лел­но со де­ра­ти­за­ци­ја и со де­со­ро­и­за­ци­ја…

Куклена претстава во Тирана
Албанците го користат предавството на Заев
„Бо­жик­на­та че­сти­тка“ од ал­бан­ски­те пар­тии упа­те­на до Ма­ке­дон­ци­те, во ко­ја отво­ре­но го уце­ну­ва­ат мно­зинс­тво­то и ин­ди­рект­но на­ве­сту­ва­ат вој­на, мо­же­би е со пот­пи­си­те на Ах­ме­ти, Ка­са­ми и на Се­ла, но јас­но се гле­да де­ка го има ра­ко­пи­сот на исти­от оној кој во те­кот на две­го­диш­на­та по­ли­тич­ка кри­за и за вре­ме на из­бор­на­та кам­па­ња му ги пи­шу­ва­ше го­во­ри­те на Зо­ран За­ев, a во кои ли­де­рот на СДСМ ве­ту­ва­ше ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на Уста­вот… За­тоа, да не се пра­ви­ме на­ив­ни и не­до­вет­ни де­ка сме шо­ки­ра­ни од од­но­сот на Еди Ра­ма, кој, па­тем, не е ни­што дру­го освен уште ед­на ма­ри­о­не­та ко­ја се крие под исти­от ча­дор што го шти­ти и За­ев. Уште по­мал­ку за­тек­на­ти тре­ба да би­де­ме од ста­во­ви­те и од ба­ра­ња­та на по­ли­тич­ки­те прет­став­ни­ци на ал­бан­ско­то мал­цинс­тво, кои, пак, мно­гу па­ти до­се­га јас­но се из­јас­ни­ле де­ка бес­по­го­вор­но ги сле­дат упат­ства­та од Ка­ле­то.

Колумна, Горан Момироски
Ревизијата на Охридскиот договор е најопасна за Албанците
Пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии, со ко­ја од ид­ни­те ма­ке­дон­ски парт­не­ри во Вла­да­та се ба­ра­ат ма­кси­ма­ли­стич­ки на­ци­о­нал­ни бе­не­фи­ции са­мо за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же да би­де по­че­ток на ед­но те­мел­но ре­де­фи­ни­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја. По­сто­јат два на­чи­на пре­ку кои Ма­ке­до­ни­ја мо­же да ја про­ме­ни сво­ја­та ре­ал­ност во од­нос на ал­бан­ско­то пра­ша­ње. Ни­ту еден од два­та на­чи­ни на про­ме­на на акту­ел­ни­те од­но­си во оп­штес­тво­то не мо­же да до­не­се до­бро за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Пр­ви­от на­чин ре­чи­си си­гур­но во­ди во конф­ликт, кој лес­но мо­же од ет­нич­ки да пре­рас­не во оп­шта вој­на на иде­о­ло­шки, на­ци­о­на­лен, вер­ски и пар­ти­ски план. Вто­ри­от на­чин, исто та­ка, е за­ка­на за ста­бил­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што гу­бе­ње­то на стек­на­ти­те пра­ва на Ал­бан­ци­те со Охрид­ски­от до­го­вор мо­же да го мо­би­ли­зи­ра не са­мо ал­бан­ски­от фа­ктор во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во со­седс­тво­то и во ди­јас­по­ра­та, по што лес­но мо­же да ни се по­вто­ри 2001 го­ди­на.

ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од граѓаните
Подмладување и освежување на тимот што победува
На­ја­ве­ни­те про­ме­ни на функ­ци­о­не­ри од еша­ло­ни­те во вла­де­јач­ка­та хи­е­рар­хи­ја не се ни­ту пр­ви ни­ту пос­лед­ни што ги спро­ве­ду­ва ВМРО-ДПМНЕ. Не се ра­бо­ти за „пар­ти­ска чис­тка“ или, пак, за чи­сто по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни про­ме­ни, кол­ку што глав­на­та мо­ти­ва­ци­ја и пот­тик про­из­ле­гу­ваат од фа­ктот де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та (чи­тај: вла­ста) е и мо­ра да би­де сер­вис на гра­ѓа­ни­те. Тој сер­вис, пак, мо­ра да се раз­ви­ва и на­дгра­ду­ва спо­ред по­тре­би­те на гра­ѓа­ни­те и во сог­лас­ност со пре­диз­ви­ци­те што ги но­си на­пре­ду­ва­ње­то на ин­сти­ту­ци­и­те на др­жа­ва­та.
Од вре­мен­ски ас­пект, ин­те­рес­ни се три мо­мен­ти ко­га се нај­а­ве­ни про­ме­ни­те. Пр­во, тоа е по­стиз­бор­ни­от мо­мент, со по­се­бен ак­цент на пла­тфор­ма­та на пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја; вто­ри­от е вла­де­е­ње­то на ло­кал­ни­те вла­сти, кои се ра­ко­во­де­ни од ко­а­ли­ци­ја­та ра­ко­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ; и тре­ти­от ас­пект е од­не­су­ва­ње­то на дел од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та.

Колумна, Љупчо Пренџов
Пра­зен џо­кер!
Да се има по­ли­тич­ка пла­тфор­ма, па ду­ри и на­ци­о­на­ли­стич­ка, е со­се­ма ле­ги­тим­но, ду­ри и ве­ќе сто­па­ти ви­де­но. Се со­ста­ву­ва, се дек­ла­ри­ра и се из­ло­жу­ва пред на­ро­дот, од­нос­но пред гра­ѓа­ни­те. И тие, по­тоа, на из­бо­ри се из­јас­ну­ва­ат за неа: ја при­фа­ќа­ат или не.
Ва­ка би тре­ба­ло да изг­ле­да нор­мал­ни­от тек на ра­бо­ти­те. Но, не­ли, кај нас сѐ е пре­вр­те­но на гла­ва, па и пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок што ни ја ис­по­ра­чаа до­маш­ни­те по­ли­ти­ча­ри отка­ко „вкус­но“ им ја зго­тви­ја ве­шти­те ку­ли­на­ри во При­шти­на и во Ти­ра­на, па на за­маг­ле­на­та по­ли­тич­ка сце­на се по­ја­ви ка­ко „џо­кер во по­кер“. Ко­му му тре­ба­ше оваа пла­тфор­ма? На ДУИ? Мо­же­би, за­тоа што оваа пар­ти­ја, спо­ред но­ми­нал­ни­те ре­зул­та­ти, и на­та­му е „ал­бан­ски по­бед­ник“ во Ма­ке­до­ни­ја, но спо­ред по­ли­тич­ко­то па­ме­те­ње и акту­ел­ни­от кон­текст на ра­бо­ти­те – ап­со­лу­тен гу­бит­ник со пре­по­ло­ве­ни гла­са­чи, а бо­га­ми и ман­да­ти во за­ко­но­дав­ни­от дом. Ра­ка на ср­це, Али Ах­ме­ти си има­ше  сво­ја „ми­ни-пла­тфор­ма“, од­нос­но стол­бо­ви на из­бор­на­та про­гра­ма уште во старт, но ова не­ка­ко му до­а­ѓа ка­ко ек­стра-про­фит или ак­ци­за на лу­ксуз­на сто­ка.

Колумна, Ацо Станковски
Трамп
Не им ус­пеа на Ро­тшил­до­ви и на Ро­кфе­ле­ро­ви, на Мор­га­но­ви и на Варт­бур­си, ни­ту на нив­ни­те слу­ги, ка­ко Со­рос или ки­бер­нет­ски­те моќ­ни­ци, ни­ти, пак, на сом­ни­тел­ни по­бож­ни ти­по­ви, ка­ко Бил Гејтс или, пак, Во­рен Ба­фет да оп­ста­нат на пре­по­ра­ки­те на моќ­на­та аме­ри­кан­ска ма­со­не­ри­ја, ни­ти, пак, на нив­на­та мор­ни­ча­ва Биб­ли­ја, нас­ло­ве­на ка­ко „Мо­рал и дог­ма“ од па­три­јар­хот на овие тај­ни друш­тва – Ал­берт Пајк. Ни­што не оста­на, сѐ про­пад­на, а про­пад­на за­што е соз­да­де­но од та­ков ен­ти­тет, ка­ко што е чо­ве­кот, а не од Бо­га. Или, ако са­ка­те, не е од все­лен­ски­от ум, ту­ку са­мо од ед­на ма­ла не­го­ва тро­шка, со пре­го­ле­мо мис­ле­ње за се­бе­си.

Двоглед
За­ев не дој­де на ро­чи­ште по­ра­ди сред­ба со ка­мин на др­ва
Зо­ран За­ев по­ба­ра од­ло­жу­ва­ње на де­неш­но­то ро­чи­ште за слу­ча­јот „По­ткуп“ по­ра­ди тоа што имал не­од­лож­на сред­ба со ка­мин на др­ва, со­оп­шти­ја Зо­ран За­ев и не­го­ви­от тим ад­во­ка­ти.
По 17-те од­ло­жу­ва­ња по­ра­ди сред­би на За­ев со пор­ти­ри, шо­фе­ри и со ка­фе-ку­ва­ри на стран­ски ам­ба­са­ди, де­неш­но­то од­ло­жу­ва­ње е пр­во по­ра­ди сред­ба со греј­но те­ло.
„Ли­де­рот Зо­ран За­ев на опо­зи­ци­ја­та што е зна­чи, де­нес за го­ле­ма жал не мо­же­ше да дој­де на су­де­ње би­деј­ќи има­ше не­од­лож­на сред­ба со ка­мин од ти­пот на др­ва, кој­што, ка­ко што зна­е­ме, зна­чи со­го­ру­ва и грее со по­мош на оган, што е ога­нот на сло­бо­да­та и олим­пи­ја­да­та“, со­оп­шти Зо­ран За­ев.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top