| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар исфрли тело на тинејџерка

kameni-most-i-goce-delcev---licovski

Идентификацијата ќе покаже дали се работи за 16 годишната скопјанка која синоќа скокнала од пешачкиот мост на реката Вардар под Кале.

Реката Вардар во атарот на  Маџари исфрли тело на млада девојка. Телото е испратено на обдукција која треба да покаже дали се работи за девојката која синоќа скокнала во Вардар – велат за Канал5 од МВР.

Денеска полицијата трагаше по девојка која скокнала од мостот на Вардар синоќа околу 23 часот. На мостот беше  пронајдена чанта со книги и мобилен телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top