Идентификацијата ќе покаже дали се работи за 16 годишната скопјанка која синоќа скокнала од пешачкиот мост на реката Вардар под Кале.
Реката Вардар во атарот на Маџари исфрли тело на млада девојка. Телото е испратено на обдукција која треба да покаже дали се работи за девојката која синоќа скокнала во Вардар – велат за Канал5 од МВР.
Денеска полицијата трагаше по девојка која скокнала од мостот на Вардар синоќа околу 23 часот. На мостот беше пронајдена чанта со книги и мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.