| четврток, 6 декември 2018 |

Опра Винфри – ангел-спасител

Опра Вин­фри е актер­ка, но­ви­нар­ка, на­ра­тор­ка, во­ди­тел­ка, из­да­вач­ка, про­ду­цен­тка на те­ле­ви­зи­ски еми­сии, фил­мо­ви и те­а­тар. Ро­де­на во САД, во бе­да, израс­на­та со на­силс­тво и се­ксу­ал­но иско­ри­сту­ва­ње, но по­ра­ди та­лен­тот и упор­но­ста, ос­тва­ри ка­ри­е­ра од со­ни­шта­та и сѐ што до­пре пре­тво­ри во вред­ност и зла­то, а пре­ку це­ло­куп­на­та сво­ја актив­ност, по­стиг­ну­ва­ња­та и пла­не­тар­ни­от ус­пех ста­на нај­бо­га­та­та и најв­ли­ја­тел­на же­на во САД и по­ши­ро­ко. Таа прв­пат ја иску­си сла­ва­та ка­ко актер­ка во адап­та­ци­ја­та на ро­ма­нот на Алис Во­кер на­пра­ве­на од Сти­вен Спил­берг од 1985 го­ди­на – фил­мот „Бо­ја на пур­пу­рот“, до­би­вај­ќи но­ми­на­ци­ја за „Оскар“. От­то­гаш, таа вни­ма­тел­но ја гра­де­ше сво­ја­та ре­пу­та­ци­ја во еден од нај­ус­пеш­ни­те брен­до­ви во све­тот. Ина­ку, таа е дол­го­го­диш­на во­ди­тел­ка на те­ле­ви­зи­ско шоу за чи­ја­што по­пу­лар­ност и ква­ли­тет до­би­ла мно­гу на­гра­ди „Еми“. Сло­бод­но мо­же­ме да ја на­ре­че­ме ме­ди­ум­ска кра­ли­ца, ко­ја се­којд­нев­но са­ма упра­ву­ва со мул­ти­ме­ди­јал­но­то царс­тво „Хар­по про­дакшн“, а неј­зи­но­то лич­но бо­гат­ство се про­це­ну­ва на 1,5 ми­ли­јар­да до­ла­ри.

Но, таа не е де­фи­ни­ра­на од жел­ба­та за вли­ја­ние, моќ или па­ри, ту­ку од неј­зи­на­та жел­ба пре­ку сво­ја­та ми­си­ја да им слу­жи на дру­ги­те, нај­че­сто оне­прав­да­ни­те, хен­ди­ке­пи­ра­ни­те и мар­ги­ни­ли­зи­ра­ни­те, со нив­но по­диг­ну­ва­ње, про­свет­лу­ва­ње, охра­бру­ва­ње и транс­фор­ми­ра­ње на на­чи­нот на кој лу­ѓе­то се гле­да­ат са­ми­те. Таа со сво­јот акти­ви­зам и за­ла­га­ње за за­шти­та на пра­ва­та на спо­ме­на­ти­те ка­те­го­рии по­ка­жу­ва пос­ткон­вен­ци­о­нал­но ни­во на мо­рал­но раз­мис­лу­ва­ње и од­го­вор­но од­не­су­ва­ње кон мар­ги­нал­ци­те. На­ме­сто да го слу­ша „гла­сот на све­тот“, ве­ли де­ка го слу­ша и сле­ди „ти­вки­от мал глас“, кој ѝ е ком­пас во неј­зи­но­то дејс­тву­ва­ње, при­тоа пот­пи­рај­ќи се на неј­зи­ни­те мо­рал­ни вред­но­сти и стан­дар­ди на ин­те­гри­тет. Во­о­би­ча­е­но дејс­тву­ва са­ма, но во ре­а­ли­за­ци­ја­та на сво­ја­та ми­си­ја ја слу­ша и це­ни се­ко­ја иде­ја од чле­но­ви­те на неј­зи­ни­от не та­ка мал тим.

oprah-winfrey-2

Мо­ра да се ка­же де­ка неј­зи­на­та еми­си­ја, „Шо­у­то Опра Вин­фри“, ко­ја поч­на на сре­ди­на­та на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни, бе­ше клуч­ни­от дви­га­тел на брен­дот Опра. Тоа бе­ше со­вр­ше­на ос­но­ва за лич­но­ста на Опра, што овоз­мо­жи да ко­му­ни­ци­ра со го­сти­те од сту­ди­о­то (поз­на­ти лич­но­сти, пи­са­те­ли, пси­хо­ло­зи, лу­ѓе со лич­ни проб­ле­ми кои ги ре­ша­ваа во те­кот на шо­у­то) и пуб­ли­ка­та во неј­зи­но­то сту­дио во Чи­ка­го. Ка­ко си­те ус­пеш­ни брен­до­ви, од „Ко­ка–Ко­ла“ до „Бад­вај­зер“, брен­дот „Опра Вин­фри“ има­ше автен­тич­ност. Не­оп­ход­но е да се истак­не де­ка Опра Вин­фри не е са­мо слав­на лич­ност, ту­ку и жи­ва ико­на, ти­тан на оп­штес­тво­то во кое жи­вее и дејс­тву­ва. Ме­та­фо­рич­но ка­жа­но, таа е при­мер за врв­но „цр­но“ до­стиг­ну­ва­ње во „бе­ло“ оп­штес­тво. Глав­на неј­зи­на ка­ра­кте­ри­сти­ка е тоа што е го­лем пок­ло­ник на сло­бод­ни­от го­вор, за кој ве­ли де­ка не са­мо што жи­вее, ту­ку и „сви­ри рок“. А, ток­му таа е ед­на од нај­а­тра­ктив­ни­те и нај­ба­ра­ни рок-из­ве­ду­ва­чи, на ро­кот на сло­бод­но­то раз­мис­лу­ва­ње, го­во­ре­ње и дејс­тву­ва­ње. Са­ма­та за се­бе ве­ли де­ка е пре­до­дре­де­на за го­ле­ми не­шта, и ка­ко та­ква е Да­ја­на Рос, Ти­на Тар­нер и Ма­ја Ан­ге­лу во ед­но. Тоа мо­же да го из­ја­ви же­на што е пол­на со са­мо­до­вер­ба и си­гур­на во се­бе. А, и ка­ко не­ма да би­де та­ква ко­га со сво­е­то шоу на те­ле­ви­зи­ја­та ги ур­на си­те ре­кор­ди и по­сто­ја­но во вр­ска со тоа из­ја­ву­ва де­ка неј­зи­на за­да­ча е да по­бе­ду­ва. Што ќе ре­че ро­ден по­бед­ник. Ка­ко и да е, Опра е пр­ва­та цр­на же­на ми­ли­јар­дер­ка во све­тот, и поз­на­та и слав­на же­на што се стек­на со ста­тус на кул­тур­на ико­на и све­ти­ца.

oprah-winfrey-3

А, ле­ген­дар­ни­от Квин­си Џонс ја прет­ста­ву­ва ка­ко фи­на и енер­гич­на, ду­ри мно­гу енер­гич­на. Те­ле­ви­зи­ски­от кри­ти­чар Ха­у­ард Ро­зен­берг во „Лос Ан­џе­лес тајмс“ за неа на­пи­ша де­ка е го­ле­ма, глас­на, бе­срам­на, агре­сив­на, пре­те­ра­на, ду­хо­ви­та, сим­па­тич­на, со­чув­стви­тел­на, скром­на, при­зем­је­на, су­ро­ва, глад­на. Мо­же­би за неа тоа е и пра­ва­та ви­сти­на. Це­ли­на од ја­ки и моќ­ни кон­тра­сти. Се чи­ни де­ка и ма­га­зи­нот „Ин­ква­е­рер“ од Фи­ла­дел­фи­ја е бли­ску до ви­сти­на­та ко­га неј­зи­но­то те­ле­ви­зи­ско шоу го на­ре­че на­ци­о­на­лен истра­жу­вач на ете­рот, а за неа и тоа што го ра­бо­ти ве­ли де­ка е квас­но те­сто од блуд, дра­ма, кич, из­ве­шта­че­ност, пуб­ли­ци­тет, пре­гра­тки, ви­ка­ње, из­лив на емо­ции, ма­нич­ност и се­то тоа ма­ри­ни­ра­но со сол­зи. Ед­но е си­гур­но: мо­же­те да ја са­ка­те, но и да не ви е по ќеф. Мо­же­те да ја по­чи­ту­ва­те, но и во­оп­што да не ја це­ни­те. Но, во ни­кој слу­чај не мо­же­те да оста­не­те рам­но­душ­ни кон тоа што го ра­бо­ти и ка­ко го сра­бо­ту­ва. Ед­но­став­но, таа е ин­те­рес­на, за­ним­ли­ва, мо­дер­на, шик и на­ви­сти­на има стил. Единс­твен, по­се­бен и не­по­втор­лив. Но, се­пак, најм­но­гу од сѐ ја од­ли­ку­ва­ат ра­бо­та­та и упор­но­ста да ус­пее во тоа што го ра­бо­ти. Со сво­ја­та не­у­мор­на актив­ност низ це­ла­та сво­ја ка­ри­е­ра, таа ста­на хе­ро­и­на за же­ни­те, ко­ја ма­жи­те ја гле­да­ат со рес­пект, за де­ца­та е шам­пи­он, а за си­те нај­го­лем бо­рец за за­шти­та на жр­тви­те на зло­у­по­тре­бу­ва­ње. Во си­те тие неј­зи­ни за­ла­га­ња таа израс­на во го­лем бо­рец за прав­да и ан­гел-за­штит­ник на оне­прав­да­ни­те. По си­те во­де­ни би­тки, таа е сил­на, др­ска и си­гур­на, во се­бе, но и во ис­прав­но­ста на тоа за што се бо­ри и из­бо­ру­ва. За се­то тоа бе­ше на­гра­де­на со ви­со­ки реј­тин­зи, со вни­ма­ние од ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си. Приз­на­ни­ја­та и че­сти­тки­те од обич­ни­те лу­ѓе ѝ беа нај­дра­ги од сѐ. Таа огром­на вој­ска на сим­па­ти­зе­ри на­пра­ви таа да би­де „вак­ци­ни­ра­на“ про­тив кри­ти­ки­те, и уште по­у­пор­но и по­од­луч­но да ја ос­тва­ру­ва сво­ја­та ми­си­ја. На кра­јот што дру­го да се ка­же за неа: неј­зи­на­та жи­вот­на фи­ло­зо­фи­ја е комп­лекс­на ме­ша­ви­на од чист ма­те­ри­ја­ли­зам (жел­ба­та да се збо­га­ти и да за­ра­бо­ти ми­ли­јар­ди до­ла­ри, што и го на­пра­ви), бор­бен дух, кој приз­на­ва са­мо по­бе­ди, и воз­ви­ше­на ду­хов­ност (гра­де­ње шко­ли и ака­де­мии за мла­ди на афри­кан­ски­от кон­ти­нент, ху­ма­ни­зам изра­зен пре­ку за­шти­та на де­ца­та и на зло­у­по­тре­бу­ва­ни­те мар­ги­нал­ци).

Ста­на и оста­на најв­ли­ја­тел­на же­на на сво­ја­та ге­не­ра­ци­ја и ед­на од најв­ли­ја­тел­ни­те во­оп­што во исто­ри­ја­та на чо­веш­тво­то. Во дет­ство­то и мла­до­ста, жи­во­тот не ја га­ле­ше, но таа се из­бо­ри да ѝ те­че во на­гор­на ли­ни­ја, па ду­ри и во по­доц­неж­ни­те го­ди­ни да се стре­ми кон ви­со­чи­ни­те. Не­ма што, таа е аме­ри­кан­ска, но и свет­ска же­на со бле­ска­ва и из­во­нред­но ус­пеш­на ка­ри­е­ра во се­кој пог­лед. Ете тоа е фе­но­ме­нот Опра Вин­фри, со жи­вот, лик и де­ло, ко­ја од кан­џи­те на те­шко­то дет­ство по­ми­на низ тр­ње и пе­кол, па се вив­на во ѕвез­де­ни­те ви­со­чи­ни. Ус­пеш­на же­на-фе­но­мен што об­ла­го­ро­ди ми­ли­о­ни суд­би­ни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top