| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Боуви – Музички патриjарх и моден папа во една личност

По­сто­јат лу­ѓе за кои мис­лам де­ка ќе жи­ве­ат веч­но. Еден од нив е Деј­вид Бо­у­ви. Му­зи­чар кој пр­во бе­ше екс­цен­три­чен умет­ник, по­тоа слав­на лич­ност, ко­ја израс­на во ѕвез­да, а ѕвез­да­та во поп и рок-ико­на. На 10 ја­ну­а­ри 2016 го­ди­на фи­зич­ки нѐ на­пу­шти за­ми­ну­вај­ќи кон па­те­ка­та на ле­ген­ди­те. Де­нес, во на­ша­та ме­мо­ри­ја е мит. Се ра­бо­ти за фе­но­мен. Фе­но­мен не са­мо спо­ред аван­гард­но­то де­ло што го соз­да­де, ту­ку и спо­ред на­чи­нот на кој жи­ве­е­ше. А тој из­бра да жи­вее по сопс­тве­ни пра­ви­ла и во сопс­тве­на ре­жи­ја, а не­го­ва­та ре­ди­зај­ни­ра­на вер­зи­ја на глам-рок го на­пра­ви ви­стин­ска му­зич­ка ико­на. Бе­ше и оста­на прв и пос­ле­ден, нај­го­лем и единс­твен умет­ник со ја­ко изра­зе­на авто­кон­цеп­ту­а­ли­за­ци­ја и има­ги­на­тив­но са­мо­ос­мис­лу­ва­ње, и се­ко­гаш од­но­во, и ка­ко по пра­ви­ло, раз­лич­но ос­мис­лу­ва­ње. Не­ви­ден бун­то­вен хе­рој до не­го­во­то па­ѓа­ње на пла­не­та­та Зем­ја. Соз­да­вај­ќи раз­но­вид­на умет­ност, ста­на мај­стор на транс­фор­ма­ци­ја­та, ви­стин­ски и ве­чен ка­ме­ле­он, кој со сво­јот из­во­нред­но ква­ли­те­тен и шо­кан­тен пер­фор­манс, си­те ги во­о­ду­ше­ву­ва­ше, за­ве­ду­ва­ше, на­со­чу­ва­ше и за­ба­ву­ва­ше. Са­ми­от, во ед­на при­го­да, ре­че де­ка са­кал да би­де и нат­чо­век, а не са­мо чо­век. Од дру­га стра­на, пак, од­би­ва­ше да ста­не ви­тез и сер Деј­вид, и два­па­ти на кра­ли­ца­та Ели­за­бе­та Вто­ра ѝ да­ва­ше „кор­па“, кул­тур­но и еле­гант­но, ка­ко ни­кој пред не­го. Де­фи­ни­тив­но, бе­ше кре­а­тив­на лич­ност со бе­скрај­на има­ги­на­ци­ја и не­ми­рен дух, со наг­ла­се­на ин­ди­ви­ду­ал­ност. На му­зич­ка­та и це­ла­та свет­ска јав­ност ѝ ста­на поз­нат со пр­ви­от не­гов му­зич­ки хит Space Oddity, уште во 1969 го­ди­на, на­го­ве­сту­вај­ќи го­ле­ми про­ме­ни во све­тот на му­зи­ка­та и по­ка­жу­вај­ќи не­што но­во, све­жо, до­то­гаш не­ви­де­но. Овој хит го лан­си­ра­ше во вр­во­ви­те на му­зич­ка­та ор­би­та, а тој прв­пат ин­кар­ни­ра­ше во Ма­јо­рот Том. Та­му, истра­жу­ва­ше во мно­гу об­ла­сти, а најм­но­гу од сѐ екс­пе­ри­мен­ти­ра­ше. Пред сѐ и над сѐ, Деј­вид Бо­у­ви бе­ше за про­ме­на. Го ар­ти­ку­ли­ра­ше за­до­волс­тво­то на му­та­ци­ја­та: Зо­што да би­деш она што си бил вче­ра ако утре мо­жеш да по­ста­неш не­што дру­го? На по­че­то­кот, са­ми­от се­бе се про­на­о­ѓа­ше. Го ба­ра­ше сво­јот иден­ти­тет. Тоа бе­ше пр­ва­та дра­ма на не­го­во­то „јас“. Сле­ду­ва­ше ал­бу­мот The Man Who Sold the World (1970), кој со­др­жи ну­ме­ри во кои е отфр­лен до­то­гаш­ни­от аку­сти­чен ма­нир и го ме­ну­ва со зву­кот на еле­ктрич­на ги­та­ра, а вед­наш по не­го во 1971 го об­ја­ву­ва и Hunky Dory. Со нив не по­стиг­ну­ва не­кој го­лем ус­пех, па за­ра­ди пуб­ли­ци­тет, ја об­ја­ви сво­ја­та хо­мо­се­ксу­ал­ност, ко­са­та ја обои цр­ве­на и ја поч­на сво­ја­та транс­фор­ма­ци­ја во рок-ѕвез­да – вон­зем­ја­нин. Ста­на вон­зем­ја­нин ме­ѓу зем­ја­ни­те и зем­ја­нин ме­ѓу вон­зем­ја­ни­те.

david-bowie-4

Во пер­и­о­дот на пре­ми­ну­ва­ње од мод во хи­пи фа­за, ко­га ко­ке­ти­ра­ше со сопс­тве­на­та ан­дро­ги­ност и ко­га „making love with his ego“, тој бе­ше Зи­ги Стар­даст од исто­и­ме­ни­от не­гов ал­бум (1972). Се ра­бо­ти за клу­чен ал­бум, не са­мо за не­го­ва­та ка­ри­е­ра, ту­ку и за ид­ни­на­та и за исто­ри­ја­та на ро­кот. Со овој лик тој се при­ка­жу­ва ка­ко фу­ту­ри­стич­ко ан­дро­ге­но су­штес­тво од друг, по­воз­буд­лив и по­екс­цен­три­чен свет. Не­го­ви­от фи­зич­ки сцен­ски изг­лед со­др­жел еле­мен­ти на ка­бу­ки те­а­тар (Ја­по­ни­ја), ита­ли­јан­ска­та ко­ме­ди­ја дел ар­те и еле­мен­ти од пан­то­ми­ма. Со та­ков фу­ту­ри­стич­ки изг­лед Деј­вид ја фас­ци­ни­ра­ше пуб­ли­ка­та, а тој ста­на пи­о­нер во транс­фор­ми­ра­ње­то на рок-кон­цер­ти­те во ек­стра­ва­гант­ни спе­ктак­ли. Отка­ко ус­пеа во тоа, по­втор­но се са­мо­из­мис­лу­ва­ше… се ме­ну­ва­ше и са­мо­у­би­ва­ше (Ashes to Ashes, Rock n’ Roll Suicide), ста­ну­ва­ше и по­втор­но поч­ну­ва­ше (Absolute Beginners). За са­мо 10 го­ди­ни се впу­шти во не­ви­ден и не­ве­ро­ја­тен жа­нров­ски сла­лом со кој по­ми­на пре­ку глам-рок, пла­сти­чен со­ул, екс­пе­ри­мен­та­лен и арт-рок. По­крај ве­ќе спо­ме­на­ти­те ал­бу­ми, ги из­да­де и „Aladin Sane“, „Young Americans“, „Station to Station“, „Low“, „Heroes“, „Lodger“, „Lets dance“. Си­те тие ја со­чи­ну­ва­ат ал­ка­та во ко­ја се­кој би­сер бле­ска со ма­ги­чен сјај. Та­ка, со сво­јот нај­ко­мер­ци­ја­лен ал­бум „Lets dance“ ја обе­ле­жу­ва ера­та на но­ви­от ро­ман­ти­зам (1983). Исто­и­ме­на­та нас­лов­на ну­ме­ра се иска­чи на вр­вот на топ-ли­сти­те во САД и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, и за­ед­но со „Modern love“ и „China girl“ ги по­ста­ву­ва но­ви­те стан­дар­ди на му­зич­ки­от свет.

david-bowie-3

Ка­ме­ле­он спо­со­бен за фас­ци­нант­ни транс­фор­ма­ции. Ко­га прв­пат го за­поз­на пуб­ли­ка­та, Бо­у­ви во се­бе ги но­се­ше ди­ле­ми­те пре­диз­ви­ка­ни со кра­јот на 60-ти­те од 20 век и со смрт­та на кон­тра­кул­ту­ра­та. Се­пак, пуб­ли­ка­та бе­ше под­го­тве­на за не­што но­во. Тој по­ну­ди еден до­то­гаш не­ви­ден и не­поз­нат ком­по­зит од со­ул и фанк, пре­ку екс­пре­си­о­ни­зам и нов поп, до глам-рок и еле­ктрон­ска му­зи­ка. Во оваа умет­нич­ка, му­зич­ка и кул­тур­на по­ну­да Бо­у­ви се про­ја­ву­ва­ше во но­ви­те, из­мис­ле­ни ли­ко­ви, ка­ко Зи­ги Стар­даст, Ала­дин Се­ин, Ви­ток Бел Вој­во­да, Ма­јо­рот Том, Џон Ме­рик, Хе­ло­вин Џек, пре­ку кои кон­стант­но ја транс­фор­ми­ра­ше сво­ја­та лич­ност. Си­те овие ли­ко­ви му слу­жеа да ја рас­ка­же при­каз­на­та. Тоа е не­го­ва­та при­каз­на – ро­ман со мно­гу ли­ца. Тој ро­ман Бо­у­ви го пи­шу­ва­ше цел жи­вот. Тоа бе­ше и не­гов филм кој сам го ре­жи­ра­ше и во не­го ја игра­ше глав­на­та рол­ја. Се­то за­ед­но прет­ста­ва со мно­гу ка­ра­кте­ри, кои си­те, по­втор­но, се тој са­ми­от – прет­ста­ва во ко­ја на еден по мал­ку Чап­ли­нов­ски на­чин ја рас­ка­жу­ва при­каз­на­та за ма­ли­от чо­век, из­гу­бен во све­тот во кој ни­кој за ни­ко­го не во­ди сме­тка и ни­кој на ни­ко­го не му е по­тре­бен. На­кра­тко, Бо­у­ви бе­ше го­лем го­ро­стас, кој це­ло вре­ме, пре­ку сво­и­те раз­лич­ни ли­ко­ви, нѐ игра­ше нас – обич­ни­те се­којд­нев­ни ма­ли лу­ѓе. Не­го­ва­та ос­нов­на ма­ги­ја бе­ше др­ска­та моќ да ни се обра­ќа ка­ко да ни рас­ка­жу­ва са­мо нам. Се­кој што се впу­штил во чув­ства­та на не­го­ви­те пес­ни, знае де­ка Бо­у­ви бе­ше нај­до­бар ко­га ги глу­ме­ше суд­би­ни­те на раз­лич­ни­те ли­ко­ви и ги рас­ка­жу­ва­ше нив­ни­те при­каз­ни, кои мо­жеа да би­дат и на­ши. И за чу­до, во тоа си­те се про­на­о­ѓав­ме би­деј­ќи бе­ше та­ка увер­лив и за­вод­лив во сво­ја­та љу­бов за жи­во­тот та­ков ка­ков е, до­де­ка тра­е­ше му­зи­ка­та, а ние за­те­че­ни, ста­ну­вав­ме хе­рои, ба­рем за миг. На си­те тие флер­то­ви им ги по­да­ри сво­ја­та кре­а­ци­ја, има­ги­на­тив­но­ста, иден­ти­те­тот. На се­то тоа са­мо до­да­де израз и тон, и кру­гот бе­ше за­тво­рен. Умет­нич­ко­то де­ло соз­да­де­но. Од ми­сте­ри­оз­на и не­о­бич­на фи­гу­ра ко­ја соз­да­ва би­зар­на, екс­пе­ри­мен­тал­на му­зи­ка, тој свес­но и на­мер­но се транс­фор­ми­ра­ше во поп-ѕвез­да ко­ја ги пол­ни ста­ди­о­ни­те низ све­тот. За­тоа се­ко­гаш бе­ше на вр­вот на му­зич­ка­та сце­на, пра­веј­ќи ги сво­и­те фа­но­ви, но­ви­на­ри­те и кри­ти­ча­ри­те веч­но глад­ни за по­ве­ќе скан­да­лоз­ни из­ја­ви, по­ве­ќе све­тка­ва об­ле­ка и уште но­ви ли­ко­ви. За раз­ли­ка од по­ве­ќе­то не­го­ви ко­ле­ги, тој ни­ко­гаш не ста­на кли­ше, ни­ту па­ро­ди­ја на са­ми­от се­бе. Зад име­то на Ел­вис Прис­ли стои епи­те­тот – крал на ро­кот. Мајкл Џе­ксон го на­ре­ку­ва­ат крал на поп-му­зи­ка­та. Му­зич­ки­те кри­ти­ча­ри Деј­вид Бо­у­ви го на­ре­ку­ва­ат бог на рок и на поп-му­зи­ка­та. Не­го, са­мо не­го, и ни­кој друг.

david-bowie-6

Од са­ми­от по­че­ток на ка­ри­е­ра­та, па сѐ до кра­јот – не­го­ва­та смрт, бе­ше му­зич­ки астро­на­ут кој ги над­ми­ну­ва гра­ни­ци­те на поз­на­ти­от свет. Ос­ци­ли­рај­ќи ме­ѓу ар­ти­стич­ка­та, аван­гард­на це­ре­брал­ност и уни­вер­зал­но пев­ли­ви­те поп-но­ти, од „Ѕвез­де­на пра­ши­на“ до „Цр­на ѕвез­да“, тој го из­ве­ду­ва­ше са­унд­тра­кот на не­го­ви­от не­ве­ро­ја­тен жи­вот. За це­ло вре­ме ги ис­пол­ну­ва­ше на­ши­те жи­во­ти со не­о­бич­ни и кре­а­тив­ни ме­ло­дии, убе­ду­вај­ќи нѐ де­ка и са­ми мо­же­ме да ги до­пре­ме ѕвез­ди­те. Та­ка, оние кои ќе се опре­де­леа да го слу­ша­ат Ма­јо­рот Том, Ви­тки­от Бел Вој­во­да или Зи­ги Стар­дас, пре­ку нив вле­гу­ваа и во кни­ги­те, фил­мо­ви­те, умет­но­ста, кул­ту­ра­та и все­ле­на­та. Си­те ви­доа, слуш­наа и по­чув­ству­ваа де­ка пре­ку се­кој не­гов нов ал­бум се из­ли­ваа но­ви трен­до­ви во му­зи­ка­та, кул­ту­ра­та и умет­но­ста, а пре­ку се­кој не­гов нов му­зич­ки хит, тој ка­ко му­зич­ки па­три­јарх и мо­ден па­па, исти­те тие трен­до­ви ги це­мен­ти­ра­ше, т.е. об­ли­ку­ва­ше во глам-рок, панк, еле­ктро­рок или не­што со­се­ма че­твр­то. Тој не са­мо во се­бе, ту­ку и кај си­те со кој со­ра­бо­ту­ва­ше и си­те кои го сле­деа, го бу­де­ше ма­гич­ни­от до­пир на кре­а­ци­ја­та. По­ра­ди не­го лу­ѓе­то ста­ну­ваа пе­ја­чи, ком­по­зи­то­ри, тек­сто­пис­ци, глум­ци, по­е­ти, пи­са­те­ли и сли­ка­ри. Бла­го­да­реј­ќи на не­го, мно­гу се учеа на умет­нич­ка и дру­ги ви­до­ви сло­бо­ди и са­мо­и­зра­зу­ва­ње. Со де­це­нии ни по­ка­жу­ва­ше ка­ко ус­пеш­но мо­же­ме да ја из­бег­не­ме ста­пи­ца­та на за­ча­у­ре­но­ста и инерт­но­ста. Мно­гу­ми­на ве­лат де­ка ро­ке­нро­лот де­нес во се­кој пог­лед ве­ќе е му­зи­ка ко­ја ги истро­ши­ла сво­и­те по­тен­ци­ја­ли, но изг­ле­да де­ка Бо­у­ви за тоа ни­кој не го из­ве­стил, па та­ка тој бу­квал­но до пос­лед­ни­от ден на не­го­ви­от жи­вот нѐ во­о­ду­ше­ву­ва­ше со ори­ги­нал­ност на сво­е­то му­зич­ко тво­реш­тво и спо­соб­ност да ги по­ме­сти гра­ни­ци­те на сѐ што ќе до­пре. До­каз за тоа, ме­ѓу­дру­го­то, е фа­ктот што отка­ко сво­јот жи­вот го пре­тво­ри во умет­нич­ко де­ло, исто­то го на­пра­ви и со сво­ја­та смрт. Во пос­лед­ни­от ви­де­ос­пот што го сни­ми (ну­ме­ра­та „Ла­зар“, од ал­бу­мот „Цр­на ѕвез­да“), го ви­дов­ме ка­ко леб­ди над бол­нич­ка­та по­сте­ла и пее де­ка е во ра­јот, има луз­ни што не се гле­да­ат и де­ка не­ма што да за­гу­би. Ка­ко да ни ве­ле­ше де­ка не знае ка­де оди, но ве­ту­ва де­ка ќе би­де ин­те­рес­но.

david-bowie-5

Ина­ку, ро­ден е ка­ко Деј­вид Џонс, во 1947 го­ди­на во Лон­дон, од мај­ка Мар­га­рет (Ме­ри), а та­тко Стен­тон. Уште од де­вет­та­та го­ди­на ги слу­шал Фетс До­ми­но, Чак Бе­ри и Литл Ри­чард. Ко­га ја чул „Ту­ти Фру­ти“ од Литл Ри­чард, во­о­ду­ше­ве­но ре­кол: „Го слуш­нав Гос­под, се­га са­мо уште да го ви­дам“. Ка­ко на умет­ник и сти­лист најм­но­гу вли­ја­ние имал од Литл Ри­чард, „Јард­бирдс“, „Битл­си“, Марк Бо­лан, Џи­ми Хен­дрикс, Френк Си­на­тра, тан­ци, пан­то­ми­ма, бу­ди­зам. Со­ра­бо­ту­вал со Џон Ле­нон (Fame), Фре­ди Мерк­ју­ри (Under Pressure), Мик Џе­гер (Dancing in the Street), а најм­но­гу со Иги Поп, на ко­го му про­ду­ци­рал по­ве­ќе ал­бу­ми. Се же­нел два­па­ти: пр­ви­от пат со Ен­џи, со ко­ја го до­бил си­нот Дан­кан, а вто­ри­от пат со пре­у­ба­ва­та Иман, со ко­ја ја има ќер­ка­та Але­ксан­дра Ле­кси. Тој е и актер, кој сни­мил 28 фил­ма и учес­тву­вал во без­број те­а­тар­ски прет­ста­ви. Член е на Ро­ке­нрол ку­ќа­та на слав­ни­те од 1996 го­ди­на, до­бит­ник на по­ве­ќе му­зич­ки на­гра­ди „Гре­ми“.

david-bowie-2

Ка­ко и за се­ко­ја слав­на лич­ност, и при­каз­на­та за Деј­вид Бо­у­ви има де­ло­ви кои фр­ла­ат ма­ла сен­ка врз бле­ска­ва­та ѕвез­да. Го­ле­ма­та упо­тре­ба на син­те­тич­ки дро­ги, ор­ги­и­те, опи­ва­ња­та и ди­ле­ма­та да­ли е би­се­ксу­а­лец или хе­те­ро­се­ксу­а­лец, го обе­ле­жаа ус­пе­хот на Бо­у­ви, кол­ку и акор­ди­те на не­го­ви­те нај­го­ле­ми ну­ме­ри. Дол­го се пи­шу­ва­ше за не­го­ва­та страс­на вр­ска со Иги Поп, а не­кои ве­лат де­ка имал вр­ска и со Мик Џе­гер. И по­крај сѐ, Деј­вид Бо­у­ви ни­ко­гаш не из­ле­зе од мо­да. Бе­ше и оста­на му­зич­ки ве­ли­кан, поп-кул­ту­рен ма­е­стро и умет­нич­ки ге­ниј, од по­ве­ќе при­чи­ни. На по­че­то­кот рок, по­тоа поп-ико­на. По­тоа еле­ктро­ни­ка и со­ра­бо­тка со Иги Поп, а во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни вра­ќа­ње кон сво­е­то нај­ро­кер­ско из­да­ние, но се­ко­гаш со при­ме­си на аван­гар­да. Кон­тро­верз­на­та и бле­ска­ва ка­ри­е­ра на овој кре­а­ти­вен ка­ме­ле­он тра­е­ше дол­го – по­ве­ќе од 55 го­ди­ни. И де­нес не­кои пот­пол­но но­ви клин­ци, ге­не­ра­ци­ски мно­гу да­ле­ку од злат­ни­те 70-ти за Бо­у­ви од ми­на­ти­от век, не­го­ви­от ал­тер-его Сла­би­от Бел Вој­во­да, и по­на­та­му го сме­та­ат ка­ко си­но­ним за стил и за став. Иа­ко не умре млад, ни­ту из­вр­ши фа­моз­но ро­ке­нрол убис­тво, ус­пеа да ја пре­жи­вее сред­ба­та очи во очи со сво­јот не­ве­ро­ја­тен „Man Who Sold the World“.

david-bowie-7

Мул­ти­ин­стру­мен­та­лист и пе­јач со спе­ци­фи­чен глас. Шар­мер, гос­по­дин, ми­стик и све­тец. Комп­ле­тен, единс­твен и по­се­бен умет­ник. Учев­ме од не­го­ва­та умет­ност, ко­ја нѐ над­гра­ду­ва­ше. Се вос­хи­ту­вав­ме на не­го­ва­та ин­вен­тив­ност и ори­ги­нал­ност. Има­ме рес­пект кон не­го­ва­та по­себ­ност. Бе­ше не­ве­ро­јат­но ино­ва­ти­вен и умет­нич­ки на­стро­ен. По­ве­ќе од си­гур­но е де­ка не­го­ва­та ле­ген­да ќе оста­не по­сто­јан дел од по­пу­лар­на­та кул­ту­ра, а та­му не­ка­де во все­лен­ска­та ши­ри­на тој е во друш­тво на ве­ли­ка­ни­те Ен­ди Вор­хол и Сал­ва­дор Да­ли, за кои ве­ру­вам де­ка и та­му се по­дед­на­кво екс­цен­трич­ни и шо­кант­ни. Ма­јо­ре Том, не­ка ти би­де воз­буд­ли­ва все­лен­ска­та оди­се­ја ко­ја што­ту­ку ја поч­на. Си­гу­рен сум де­ка и та­му ве­ќе си хе­рој, не за еден ден, ту­ку за си­те вре­ми­ња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top