| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо во затвор на приватна клиника на Косово: Стојовски вторпат фатен како нелегално ординира

Иако по шест години талкање на предметот низ судските ходници и фиоки и третата пресуда го сместува гинекологот-митаџија Марјан Стојовски зад решетки, тој во меѓувреме ординира илегално во приватна клиника во Косово.

На страницата на Фејсбук на приватната клиника на 20 септември е објавена фотографија, со која Стојовски им е претставен на корисниците на услугите на оваа клиника како дел од тимот на оваа клиника. Во согласност со законот, докторот нема право да работи во приватни установи додека е вработен во државната Клиника за гинекологија и акушетство. За ваков ангажман, треба да постои договор меѓу здравствените установи.

Стојовски веќе еднаш е фатен во 2013 година како го врши истото дело и против него била поведена дисциплинска постапка, но врв на неговата безочност преставува фактот дека фотографијата со која се рекламира на страницата на Фејсбук на приватна клиника во Приштина е направена во операциските сали на Клиниката за гинекологија и акушетство во Скопје, а е објавена во време кога потврдената пресуда е на сила. Нејасно е зошто Стојовски се промовира во приватна клиника во време во кое треба да излежува казна затвор.

marjan-stojovski

На  13 јули 2016 година Апелацискиот суд во Скопје да ги отфрли жалбите на Марјан Стојовски како неосновани и да ја потврди казната изречена од Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 19 декември 2014 година, со која освен што му е изречена двегодишна казна затвор, на скопскиот гинеколог ми се изрекува и забрана за вршење на дејноста во траење од една година.

Во меѓувреме, тој е исклучен од од работното место во скопската клиника, а одлуката е во согласност со законот, бидејќи има правосилна судска одлука за поткуп. Исто така, нејасно како Стојовски, кој е осуден, ја минува границата за да врши дејност во странство.

Стојовски, кој беше уапсен во 2010 година, како хирург-гинеколог во Клиниката за гинекологија и акушерство во неколку наврати од лице од Кичево побарал и примил 120 илјади денари за да ја оперира неговата сопруга, иако тоа му е обврска во рамки на работните задачи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top