Статистиките покажуваат дека се почести се абортусите пред наполнети 18 години и се почесто слушаме за бракови склучени на мала возраст.
Изминатите две години на Клиниката за гинекологија и акушерство на осум малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години. За да биде направена оваа медицинска интервенција, задолжително е потпишување на согласност и присуство на еден од родителите.
Во статистиката на ГАК е запишан и случајот со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус и која е најмладиот пациент. Дополнителен шок за гинеколзоите било што во установата дошла заедно со сопругот.
Малолетничката бременост не е нешто што се случува само таму некаде, туку е проблем кој ги погодува сите меридијани и треба да му се посвети сериозно внимание и да се спроведат мерки за спречување на појавата која неповратно го менува не само животот на тие бебиња, туку и на нивните малолетни родители, најмногу на младите мајки.
Имено, малолетничката бременост е голем проблем, не само неразвиените земји, туку е глобален, светски феномен.
Од Обединетите Нации алармираат дека, доколку не се запре порастот на малолетнички бремености во светот, бројот на мајки помлади од 15 години од сегашните два милиони годишно, до 2030 година би се искачил на три милиони!
Имено, и многу млади мајки, не ја сакаат бременосто, па се одлучуваат да абортираат.
Годишно во земјата има помеѓу 4.000 до 5.000 абортуси.
Финансиската состојба, отфрленоста од околината и бројноста на семејството се најчестите изговори на жените кои ги презентираат пред лекарите.
Млади најчесто се кријат, и од околината и од семејството и веќе кога се во напредна бременост бараат прекинување, велат гинеколозите, додавајќи дека малолетничките во државата многу рано почнуваат со сексуални односи, а притоа, воопшто немаат познавање од користење на заштита, ниту пак на последиците кои можат да настанат.
извор: Скопјеинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
14-годишното девојче што абортираше минало месеци пекол, ОЈО кривично гони три лица
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Стојаноска: Дали е точно дека е најдена бактеријата МРСА на креветчињата на бебињата во ГАК?