Иако по шест години талкање на предметот низ судските ходници и фиоки и третата пресуда го сместува гинекологот-митаџија Марјан Стојовски зад решетки, тој во меѓувреме ординира илегално во приватна клиника во Косово.
На страницата на Фејсбук на приватната клиника на 20 септември е објавена фотографија, со која Стојовски им е претставен на корисниците на услугите на оваа клиника како дел од тимот на оваа клиника. Во согласност со законот, докторот нема право да работи во приватни установи додека е вработен во државната Клиника за гинекологија и акушетство. За ваков ангажман, треба да постои договор меѓу здравствените установи.
Стојовски веќе еднаш е фатен во 2013 година како го врши истото дело и против него била поведена дисциплинска постапка, но врв на неговата безочност преставува фактот дека фотографијата со која се рекламира на страницата на Фејсбук на приватна клиника во Приштина е направена во операциските сали на Клиниката за гинекологија и акушетство во Скопје, а е објавена во време кога потврдената пресуда е на сила. Нејасно е зошто Стојовски се промовира во приватна клиника во време во кое треба да излежува казна затвор.
На 13 јули 2016 година Апелацискиот суд во Скопје да ги отфрли жалбите на Марјан Стојовски како неосновани и да ја потврди казната изречена од Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 19 декември 2014 година, со која освен што му е изречена двегодишна казна затвор, на скопскиот гинеколог ми се изрекува и забрана за вршење на дејноста во траење од една година.
Во меѓувреме, тој е исклучен од од работното место во скопската клиника, а одлуката е во согласност со законот, бидејќи има правосилна судска одлука за поткуп. Исто така, нејасно како Стојовски, кој е осуден, ја минува границата за да врши дејност во странство.
Стојовски, кој беше уапсен во 2010 година, како хирург-гинеколог во Клиниката за гинекологија и акушерство во неколку наврати од лице од Кичево побарал и примил 120 илјади денари за да ја оперира неговата сопруга, иако тоа му е обврска во рамки на работните задачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На ГАК абортирало 13-годишно девојче
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Стојаноска: Дали е точно дека е најдена бактеријата МРСА на креветчињата на бебињата во ГАК?