| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Мла­де­но­виќ: Потребна е голема поддршка за мајките да ги дојат своите бебиња

Ко­га ќе ги пра­ша­те мај­ки­те зо­што не до­јат или, пак, не до­јат екск­лу­зив­но, ед­на од глав­ни­те при­чи­ни што ја да­ва­ат ка­ко нај­чест од­го­вор е - „не­мам до­вол­но мле­ко”. Зад тој од­го­вор, всуш­ност, се кри­јат ни­за ви­стин­ски при­чи­ни, а не­ма­ње­то до­вол­но мле­ко е са­мо нив­на пос­ле­ди­ца, ве­ли д-р Мла­де­но­виќ

Алар­мант­ни се по­да­то­ци­те што по­ка­жу­ва­ат де­ка са­мо 23 про­цен­ти од ма­ке­дон­ски­те мај­ки екск­лу­зив­но ги до­јат сво­и­те бе­би­ња во пр­ви­те шест ме­се­ци. Под екск­лу­зив­но до­е­ње се по­драз­би­ра са­мо мај­чи­но мле­ко, без до­да­ва­ње во­да, чај, сок во ис­хра­на­та. За жал, проб­ле­мот е акту­е­лен и во гло­бал­ни рам­ки, ка­де што стап­ка­та на до­е­ње, исто та­ка, стаг­ни­ра – 38 про­цен­ти од мај­ки­те го до­јат екск­лу­зив­но бе­бе­то до шест­ме­сеч­на во­зраст – ве­ли д-р Бран­ки­ца Мла­де­но­виќ, пре­тсе­да­тел­ка на Ко­ми­те­тот за про­мо­ци­ја, под­др­шка и за за­шти­та на до­е­ње­то. Мла­де­но­виќ е ра­ко­во­ди­тел­ка на За­во­дот за здрав­стве­на за­шти­та на мај­ки и де­ца, Здрав­ствен дом – Скоп­је.

Ка­ко Ма­ке­до­ни­ја, од зем­ја во ко­ја же­ни­те тра­ди­ци­о­нал­но са­ка­ат да до­јат, ста­на зем­ја во ко­ја са­мо 23 про­цен­ти од мај­ки­те пра­кти­ку­ва­ат екск­лу­зив­но до­е­ње кај но­во­ро­ден­чи­ња­та?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Пос­лед­ни ре­ле­вант­ни по­да­то­ци со кои рас­по­ла­га­ме за стап­ка­та на до­е­ње се тие од 2011 го­ди­на, спо­ред кои 41 про­цент од мај­ки­те до­јат пре­до­ми­нант­но, што зна­чи до­да­ва­ат и дру­ги теч­но­сти (во­да, чај, сок), до­де­ка екск­лу­зив­но­то до­е­ње (са­мо на мај­чи­но мле­ко) е за­ста­пе­но кај 23 про­цен­ти од мај­ки­те. За жал, проб­ле­мот е акту­е­лен и во гло­бал­ни рам­ки, ка­де што стап­ка­та на до­е­ње, исто та­ка, стаг­ни­ра – 38 про­цен­ти од мај­ки­те го до­јат бе­бе­то екск­лу­зив­но до шест­ме­сеч­на во­зраст. Се пла­ни­ра но­во истра­жу­ва­ње за да ви­ди­ме да­ли има про­ме­на во со­стој­ба­та. Ко­га ќе ги пра­ша­те мај­ки­те зо­што не до­јат или, пак, не до­јат екск­лу­зив­но, ед­на од глав­ни­те при­чи­ни што ги да­ва­ат ка­ко нај­чест од­го­вор е – „не­мам до­вол­но мле­ко”. Зад тој од­го­вор, всуш­ност, се кри­јат ни­за ви­стин­ски при­чи­ни, а не­ма­ње­то до­вол­но мле­ко е са­мо нив­на пос­ле­ди­ца. Тоа, глав­но, е не­на­вре­ме­на­та под­др­шка, агре­сив­ни­от мар­ке­тинг на про­из­во­ди­те­ли­те на ве­штач­ко мле­ко и нив­на­та лес­на до­стап­ност, не­до­вол­на­та ин­фор­ми­ра­ност за зна­че­ње­то на до­е­ње­то, ви­со­ка­та стап­ка на цар­ски рез. Дел од мај­ки­те на­ве­ду­ва­ат де­ка пре­ста­на­ле да до­јат за­тоа што тре­ба­ло да се вра­тат на ра­бо­та. Важ­на при­чи­на е и тоа што до­е­ње­то не е до­вол­но за­ста­пе­но во ку­ри­ку­лу­ми­те на ме­ди­цин­ски­те сту­дии, та­ка што е не­оп­хо­ден до­пол­ни­те­лен тре­нинг, што не е мно­гу ед­но­став­но.

Што по­ка­жу­ва­ат истра­жу­ва­ња­та, зо­што сѐ по­че­сто се по­се­га по ве­штач­ко мле­ко ме­сто да се дои?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Да се по­тсе­ти­ме де­ка во ми­на­то­то ве­штач­ки­те мле­ка се да­ваа бесп­лат­но на ре­цепт и до­ми­ни­ра­ше убе­ду­ва­ње­то де­ка тие се ед­на­кво до­бри ка­ко и мај­чи­но­то мле­ко. Та­кви­от став бе­ше мно­гу те­шко да се над­ми­не. Вто­ра важ­на при­чи­на е не­на­вре­ме­на­та под­др­шка и ин­фор­ми­ра­ње на мај­ка­та. Име­но, мај­ка­та уште во те­кот на бре­ме­но­ста тре­ба да до­бие ин­фор­ма­ции за тоа што ја оче­ку­ва, ка­ко се вос­по­ста­ву­ва до­е­ње­то, кои се нај­че­сти­те проб­ле­ми и ка­ко да се спра­ви со нив. За таа цел се кре­и­ра­ше Бро­шу­ра за бре­ме­ни же­ни, ко­ја се ди­стри­бу­и­ра за­ед­но со мај­чи­на­та кни­шка, ка­де што мај­ка­та мо­же да се ин­фор­ми­ра за до­е­ње­то. Ре­тка е пра­кти­ка­та ги­не­ко­ло­гот да ја со­ве­ту­ва мај­ка­та за до­е­ње­то. До­пол­ни­тел­но, не са­мо кај нас, ту­ку и во го­лем дел од све­тот, по по­ро­ду­ва­ње­то ѝ се да­ва вре­ме на мај­ка­та да се од­мо­ри, а бе­бе­то се хра­ни со фор­му­ла. Со тоа се пра­ви мно­гу ло­ша ус­лу­га за­тоа што е иде­ал­но пр­ви­от по­дој и кон­та­ктот ко­жа со ко­жа да се слу­чи уште во пр­ви­от час, нај­доц­на во пр­ви­те 24 ча­са по по­ро­ду­ва­ње­то. Во­ед­но, се­ко­гаш по­стои страв кај мај­ки­те де­ка бе­бе­то им е глад­но, па и при нај­мал сом­неж де­ка не­ма­ат до­вол­но мле­ко, мно­гу че­сто ко­га ќе се вра­тат до­ма, са­ми вне­су­ва­ат фор­му­ла, без да се кон­сул­ти­ра­ат со здрав­ствен ра­бот­ник.

dr-brankica-mladenovic-img_1686-custom

Се­ко­гаш по­стои страв кај мај­ки­те де­ка бе­бе­то им е глад­но и мно­гу че­сто ко­га ќе се вра­тат до­ма, са­ми вне­су­ва­ат фор­му­ла, без да се кон­сул­ти­ра­ат со здрав­ствен ра­бот­ник

Мо­то­то на Свет­ска­та не­де­ла на до­е­ње­то бе­ше „До­е­ње­то – клуч­но за одрж­лив раз­вој“. Да­ли е тоа на­ви­сти­на та­ка?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Оваа го­ди­на мо­то­то на Свет­ска­та асо­ци­ја­ци­ја за до­е­ње е: „До­е­ње­то – клуч­но за одрж­ли­ви­от раз­вој“, со што се по­вр­зу­ва со 17. одрж­ли­ви раз­вој­ни це­ли на ООН и на тој на­чин се по­тен­ци­ра не­го­ва­та уло­га во ос­тва­ру­ва­ње на на­пре­до­кот на си­те сег­мен­ти од чо­ве­ко­во­то жи­ве­е­ње. Тоа обез­бе­ду­ва ви­сок ква­ли­тет на хран­ли­ви ма­те­рии и со­од­вет­на енер­ги­ја, мо­же да по­мог­не да се спре­чат гла­дот, не­у­хра­не­то­ста, но и де­бе­ли­на­та, при­до­не­су­ва кон по­до­бру­ва­ње на без­бед­но­ста на ис­хра­на­та, ги уна­пре­ду­ва се­вкуп­но­то здрав­је и раз­во­јот на де­ца­та, вклу­чу­вај­ќи го и по­до­бру­ва­ње­то на ког­ни­тив­ни­от раз­вој, а со тоа и шан­си­те за по­до­бри учи­лиш­ни пер­фор­ман­си, при­до­не­су­ва кон на­ма­лу­ва­ње на не­ед­на­кво­сти­те, не го оп­то­ва­ру­ва бу­џе­тот и со тоа ја на­ма­лу­ва си­ро­ма­шти­ја­та. До­е­ње­то зна­чи ко­ри­сте­ње по­мал­ку енер­ги­ја во спо­ред­ба со ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво на фор­му­ла и не про­из­ве­ду­ва от­пад, со тоа ја шти­ти жи­вот­на­та сре­ди­на, со дру­ги збо­ро­ви но­си го­лем број бе­не­фи­ти за де­ца­та, мај­ки­те и за оп­штес­тво­то во це­ли­на.

Со За­ко­нот за ра­бот­ни од­но­си на мај­ки­те што до­јат им се доз­во­лу­ва пра­во на еден час отсус­тво од ра­бо­та за да го до­јат де­те­то. Има­те ли соз­на­ни­ја кол­ку од нив го ко­ри­стат тоа пра­во?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: По­стој­на­та за­кон­ска ре­гу­ла­ти­ва по­вр­за­на со мај­чинс­тво­то во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е по­вол­на ка­ко во од­нос на тра­е­ње на по­ро­дил­но­то отсус­тво, та­ка и во од­нос на пра­во­то на до­е­ње на вра­бо­те­ни­те мај­ки. Дел од мај­ки­те не се до­вол­но ин­фор­ми­ра­ни за таа мож­ност (ток­му по­ра­ди тоа и ја ста­вив­ме ин­фор­ма­ци­ја­та во Бро­шу­ра­та за бре­ме­ни же­ни), го­лем дел го ко­ри­стат тоа пра­во, но не­ма­ме точ­ни ин­фор­ма­ции, осо­бе­но е ди­ску­та­бил­но да­ли тоа се по­чи­ту­ва од стра­на на при­ват­ни­от се­ктор.

Да­ли за­вр­шу­ва­ње­то на по­ро­дил­но­то отсус­тво и трг­ну­ва­ње­то на ра­бо­та тре­ба да зна­чи и крај на до­е­ње­то?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Ни­ка­ко. На мај­ки­те тре­ба да им се по­мог­не да го одр­жат до­е­ње­то и отка­ко ќе се вра­тат на ра­бо­та. За да се слу­чи тоа, по­крај ко­ри­сте­ње­то на па­у­за­та за до­е­ње, на вра­бо­те­ни­те мај­ки им се по­треб­ни ус­ло­ви за из­мол­зу­ва­ње на ра­бот­но­то ме­сто. Тоа е не­што што сѐ уште не е до­вол­но спро­ве­де­но во на­ша­та зем­ја и на што би тре­ба­ло да се фо­ку­си­ра­ме во ид­ни­на. До­кол­ку мај­ка­та не­ма ус­ло­ви да се из­мол­зе, а е отсут­на од до­мот про­сеч­но 9 ча­са, то­гаш го­ле­ма е мож­но­ста ко­ли­чес­тво­то мле­ко да се на­ма­ли и да се изгуби.

Кол­ку е важ­на уло­га­та на па­тро­наж­ни­те се­стри? Да­ли тие две-три по­се­ти кај но­во­ро­ден­че­то се до­вол­ни за да се об­јас­нат при­до­би­вки­те од до­е­ње­то?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Па­тро­наж­на­та служ­ба има го­ле­мо зна­че­ње во да­ва­ње­то ин­фор­ма­ции и пра­ктич­ни со­ве­ти отка­ко мај­ки­те ќе го на­пу­штат по­ро­ди­ли­ште­то, што е од осо­бе­на важ­ност за­тоа што во те­кот на пр­ви­те ме­се­ци од до­е­ње­то на­ста­ну­ва­ат и нај­че­сти­те проб­ле­ми. Ми­ни­мал­ни­от број на по­се­ти е 2-3, но тие ги по­се­ту­ва­ат по­че­сто, осо­бе­но ко­га ќе про­це­нат де­ка за тоа има по­тре­ба или на ба­ра­ње на мај­ка­та. Важ­на уло­га има­ат и пре­вен­тив­ни­те ти­мо­ви во здрав­стве­ни­те до­мо­ви, при што тим од ле­кар и се­стра е по­сто­ја­но на рас­по­ла­га­ње во да­ва­ње­то струч­на по­мош за спра­ву­ва­ње со си­те мож­ни проб­ле­ми по­вр­за­ни со до­е­ње­то.

До ко­ја во­зраст е нај­до­бро да се дои?

МЛА­ДЕ­НО­ВИЌ: Во сог­лас­ност со пре­по­ра­ки­те од Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја, до­е­ње­то тре­ба да трае до две го­ди­ни и по­дол­го, па­ра­лел­но со во­ве­ду­ва­ње­то дру­ги ви­до­ви хра­на по ше­сти­от ме­сец од жи­во­тот.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top