| четврток, 6 декември 2018 |

Се обиделе да ја киднапираат неговата новородена сестра, но тој ги спречил

бебе

Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарејќи на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.

Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето старо еден ден, додека нејзината мајка спиела.

Но, братчето на бебето ја забележало кражбата и се упатило по неименуваната жена. Кога ја стигнало, детето и се обратило на жената, по што таа му го вратила девојчето, се наведува во полициското соопштение.

Полицискиот потпарол Улф Вундрак изјави дека момчето „многу помогнало“ во враќањето на киднапираното бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top