Медицинска сестра во Италија е осомничена дека ги убила своите две деца, момче од седум и девојче од девет години, со смртоносна инјекција, по што си го одзела животот.
Иследниците во северозападното планинско место Ајмавилес, во близина на градот Аоста, претпоставуваат дека 48-годишната мајка составила смртоносна мешавина од лекови, кои ги земала од болницата во која работела.
Жената оставила порака на која пишувало дека веќе не може да го поднесе „товарот на бедниот живот“.
Конечната причина за смртта на мајката и двете деца ќе биде позната по аутопсијата. Трите безживотни тела во станот ги пронашол нејзиниот сопруг и татко на децата, кога во четвртокот вечерта се вратил од работа. Градските власти велат дека мажот се уште е во состојба на шок.
Семејството честопати било вклучено во хуманитрани активности, децата биле страсни скијачи, кои настапувале низ целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во кралското семејство: Сестрата на кралицата пронајдена мртва!
-
Шок снимка од Ниш: Ѓон пијана медицинска сестра се тетерави низ ходник и губи епрувети?!
-
Медицинска сестра се обидела да убие четири бебиња, камерите ја фатиле на дело!
-
Поради видео игра: Деветгодишно момче ја затрела својата 13-годишна сестра