Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарејќи на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.
Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето старо еден ден, додека нејзината мајка спиела.
Но, братчето на бебето ја забележало кражбата и се упатило по неименуваната жена. Кога ја стигнало, детето и се обратило на жената, по што таа му го вратила девојчето, се наведува во полициското соопштение.
Полицискиот потпарол Улф Вундрак изјави дека момчето „многу помогнало“ во враќањето на киднапираното бебе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.