| четврток, 6 декември 2018 |

Ка­ко да го из­бе­ре­те ви­стин­ски­от ше­шир за ова ле­то

Сла­ме­ни ше­ши­ри со ши­рок раб, ка­у­бој­ски и ше­ши­ри­те во бо­хо-стил се ви­стин­ски хит ова ле­то

Лет­ни­те шап­ки не се по­треб­ни са­мо за да ја чу­ва­ат гла­ва­та од же­шти­на­та и од сон­це­то, ту­ку тие се и мо­ден де­таљ што мо­же­те да го ком­би­ни­ра­те во це­ло­куп­ни­от изг­лед. Ова ле­то се хит пле­те­ни­те, та­ка­на­ре­че­ни сла­ме­ни ше­ши­ри, со ши­рок раб, кои се иск­лу­чи­тел­но при­јат­ни за но­се­ње би­деј­ќи се од­ли­чен изо­ла­тор од топ­ли­на бла­го­да­реј­ќи на при­род­ни­от ма­те­ри­јал од кој се на­пра­ве­ни. Исто та­ка, хит се и сла­ме­ни­те ка­у­бој­ски ше­ши­ри, ка­ко и тие во бо­хо-стил, кои се еден вид уни­секс мо­дел би­деј­ќи се на­ме­не­ти за же­ни и за ма­жи.

sesiri 2016 ljeto01

Ка­пи со стреа, лен­ти за ко­са со стреа и ши­ро­ки лен­ти за ко­са, ка­ко и „ри­бар­ски“ плат­не­ни ка­пи се по­втор­но во мо­да, ка­ко еден вид ре­тро стил. Што се од­не­су­ва до бо­ја­та, најм­но­гу пре­ов­ла­ду­ва­ат тие со при­род­на бо­ја на сла­ма, по­тоа бе­ли и цр­ни, а дру­ги­те бои, ка­ко што се цр­ве­на, си­на, жол­та и дру­ги бои, се по­мал­ку атра­ктив­ни.

sesiru 2016 ljeto04

Шап­ка по ме­ра

Из­бо­рот е го­лем. По­ма­ла или по­го­ле­ма, со ши­рок, цврст или мал раб. Шап­ка­та мо­же да би­де сла­ме­на, дам­ска или ши­ро­ка со укра­си. Се­ка­ко, важ­на е и бо­ја­та. По­пу­лар­ни ни­јан­си за ова ле­то се топ­ли­те то­но­ви на жол­та и на пор­то­ка­ло­ва, ин­тен­зив­на си­на, сма­рагд­на, ро­зо­ва или ви­о­ле­то­ва. Ди­зај­не­ри­те ну­дат и уба­ви укра­си ка­ко вр­вки и лен­ти, та­ка што не­ма да згре­ши­те ако се од­лу­чи­те за ше­шир укра­сен со лен­та во кон­траст­на бо­ја.

Кој ше­шир е за вас? Важ­но е де­ка не е не­оп­ход­но ше­ши­рот да го уск­ла­ди­те со об­ле­ка­та. Ко­га ку­пу­ва­те, за­дол­жи­тел­но про­бај­те по­ве­ќе мо­де­ли, важ­но е да ви при­ле­га на ли­це­то. Ше­ши­рот од­бе­ре­те го и спо­ред град­ба­та на те­ло­то. На че­тво­ро­а­гол­но ли­це му при­ле­га ше­шир со ши­рок раб, а на из­дол­же­но мо­де­ли што се при­пи­е­ни на че­ло­то. Ако има­те тес­но ли­це, најм­но­гу ќе ви при­ле­га ше­шир со истак­нат раб, ка­ко сла­мен ше­шир. Ако има­те сит­на град­ба и ни­зок раст, од­бе­ре­те ше­шир со мал раб во па­стел­ни ни­јан­си. Из­бег­ну­вај­те го­ле­ми ше­ши­ри со впе­чат­ли­ви при­ме­ро­ци би­деј­ќи ќе изг­ле­да­те по­ни­ско откол­ку што на­ви­сти­на сте.

sesiru 2016 ljeto07

Па­на­ма шап­ка – еле­ган­ци­ја што не из­ле­гу­ва од мо­да

Па­на­ма шап­ка е веч­на мод­на кла­си­ка, сим­бол на еле­ган­ци­ја ко­ја не из­ле­гу­ва од мо­да. Се­ко­гаш се во тренд и го­ле­ми дам­ски ше­ши­ри, со кои ќе изг­ле­да­те до­бро во град­ска­та про­ше­тка. Уба­во изг­ле­да во ком­би­на­ци­ја со ле­ле­ав фу­стан. Мо­дер­но изг­ле­да и ше­шир со мал раб во ком­би­на­ци­ја со бе­ла лен­та.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top