Иако времето во Македонија нагло залади, оние што својот летен одмор планираат да го искористат сега, не треба да се грижат, затоа што температурата на морето е идеална за капење во многу места во Црна Гора, Хрватска, Грција и Турција.
Според официјалниот сајт на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, температурата на морето денеска е 25 степени во Будва и Петровац, 24 во Херцег Нови, 23 во Улцињ, а малку постудено е кај Бар, каде се измерени 20 Целзиусови степени.
Јадранот покрај хрватската обала е малку поладен, па морето покрај Дубровник има 24 степени, а тоа е и најтоплата температура измерена во Хрватска. Според Државниот хидрометеоролошки завод, морето покрај островот Раб, Сплит и Ровињ има 23 степени, 22 кај Хвар и Задар, 21 кај Мљет и Крка, а 20 Целзиусови степени кај Шибеник.
Во Грција денеска морето е најтопло кај Родос, со измерени 28 степени, на Закинтос и покрај Атина бројката изнесува 26, а 25 степени се измерени кај популарните Тасос, Паралија, Солун, Скијатос, Сарти, Лептокарија, Евиа, Неи Пори и Неос Мармарас.
Најтполо за капење секако е во Турција, каде морето покрај Аланија деновиве има температура од 28,3 степени, покрај Белек и Кемер е измерено 28,2, a во Анталија 28.
Водата кај Мармарис е 26,3 степени, Бодрум и Измир 25, a Кушадаси 23,8 степени, пишува сајтот trenutnatemperatura.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.