| четврток, 6 декември 2018 |

Стигнуваат добри вести: Летото нема крај!

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ и во следните денови времето во државава ќе биде сончево, стабилно и суво, со мала – а овој викенд повремено и умерена локална облачност. Денес (сабота) има услови за краткотраен слаб локален дожд на планинските места во западните и во северните предели од државава, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Уживајте во прекрасното стабилно и сончево време со мала облачност и во следните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top