| четврток, 6 декември 2018 |

Шеширот на Меланија предизвика меѓународен скандал

Националниот парк Најроби во Кенија беше првата станица на Меланија Трамп во рамки на нејзината африканска турнеја, прва откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп стана претседател на САД.

За оваа посета, модниот избор на првата дама на САД беше панталони, чизми до колена и бела кошула и бела капа, причина за нови критики кон семејството Трамп. Како што многу луѓе заклучија, овој вид на капа потсетува на шлем и го симболизира колонијалното владеење и сила.

  • Капата која носиш, ја носеа колонијалистите од мрачниот период што не им се допаѓа на Африканците. Кој те советувал да ја ставиш на глава? – прашал еден лут корисник на интернет, додека друг додал дека тоа е „одраз на нејзиното застарено разбирање за Африка“.

Овој вид на капа често ја носеле европските патници и истражувачи кои ги посетувале местата како Африка, југоисточна Азија и тропските краеви во 19-тиот век.

Воениот персонал од земјите како Британија, Франција, Шпанија и Италија ја носеле капата и командувале со колонијални војски, пишува британски „Индепендент“.

Иако секогаш молчи, Меланија овој пат одлучи да одговори на провокациите кои ѝ беа упатени за време на престојот во Египет.

  • Знаете што, тукушто завршивме едно неверојатно патување, бевме во Гана, Малави, Кенија, а еве сме и во Египет. Сакам да зборувам за моето патување, а не за тоа што го носам. Ова што го правам е од исклучителна важност, кои се моите иницијативи и што правиме со USAID. Би сакала луѓето да се фокусираат на она што го правам и работам, а не на тоа што го носам – порача Меланија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top