| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува летото: Сончево и топло време во септември

Територијата на нашата држава веќе подпадна под влијание на висок воздушен притик (антициклон) кој продира од југ и со себе носи топла и сува воздушна маса која во следните денови ќе условува претежно сончево и право топло летно септемвриско време повремено со умерена локална облачност.

Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието и во источните предели од државава но и покрај ветерот нема да има никаков пад на температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека некаде од средината на новата недела која е пред нас а особено за време на следниот викенд истите во југоисточните предели можно е да се искачат дури до околу 35, 36 степени со што веќе овие температури би навлегле во оние кој ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Сите оние кои се љубители на плажите слободно и во текот на овој месец можат да планираат викенди или одмор бидејќи ќе имаат можност да уживаат во прекрасното време кое не очекува во новата недела која што ни е на прагот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top