| четврток, 6 декември 2018 |

Убиството на Јелена Крсмановиќ: Се огласи и бегалецот Небојша Ројко

Мајката на бегалецот Небојша Ројко потврдила дека нејзиниот син кој се наоѓа во бегство се јавил дома и кал дека тој не ја убил пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ.

nebojsa_rojko

-Ми се јави синот Небојша. Ми кажа дека тој нема врска со убиството. Кажа дека тој утре самиот  ќе се пријави во полиција и ќе објасни која е причината поради која избегал – изјавила мајката на бегалецот Небојша Ројко.

Таа појаснила која е причината поради која Небојша со прекар Вихор избегал кога г видел специјалците во нивниот семеен дом.

-На него му остана да отслужи уште година дена затвор поради разбојништво. Мислел дека полицијата го бара за да го приведе, појаснува Нена Ројко.

franc-rojko-sin-vihor-foto-aleksandar-jovanovic-cile-i-printscreen-fb-1460112718-882193-520x351

Таткото на уапсениот Франц Ројко денес даде изјава за медиумите:

-Беше полицијата со неколку автомобили. Давесетина полицајци и инспектори ја пребараа целата куќа, гаражата и помошните згради, акога завришија со тоа, го приведоа мојот син. Имам уште еден син, помлад, и него го бараа но тој утрово замина од дома и не знам каде е.

Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката на „Гранд“ но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.

Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека тој е поврзан со убиството, но ако тоа го сторил јас ќе бидам тој кој лично ќе му пресуди – изјавил Ројко.

Во дворот на Ројко се куќа и гаража, а зад гаражата има мост преку каналот кој води до насипот по кој трчала Јелена. Тој мост е одалечен неполн километар од местото на злосторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top