Пејачката на Гранд Јелена Марјановиќ на денешен ден ќе наполнеше 34 години да не беше сурово убиена на 2 април годинава додека трчаше на насипот во Борча.
Нејзиниот сопруг денеска ќе го крене споменикот на кој ќе бидат врежани стихови од една песна.
И нему и на мајката на Јелена единствена желба им е полицијата конечно да го уапси убиецот, зашто поминаа пет месеци од свирепото убиство на Јелена.
-Што да ви кажам освен дека секој ден се молам да го уапсат монструмот што ми го уби детето. Само да го погледнам во очи и да го рпашам: Зошто!? Да имам некоја моќ, јас сама ќе го најдев. Името на Јелена не смеам да го споменам додека ја чувам внуката Јана. Само наслушнува што зборувам… Леле, секој ден ја бара, а јас молчам…Тешко ми е, претешко – вели Зораица Крсмановиќ, мајка на убиената Јелена.
-Сега е се во божји раце. Морам да верувам дека убиецот ќе отиде во затвор додека јас сум жива. Бев вчера во болница да примам инфузија и една сестра ми пријде и ми рече: „Запамтете ги моите зборови – ниедна тајна не влегна в гроб, така нема ни оваа!, додава Зорица.
Истата болка ја носи и сопругот на Јелна. Тој вчера отиде во црква на Голема Богородица за да запали свеќа за својата Јелена.
-Не е лесно да се живее со тоа што со месеци не знам кој ја убил Јелена, ниту поради што. Ете јас уште верувам дека ќе го видам апсењето на убиецот на Јелена. Ништо друго не ми остана освен да го растам детето што ми го роди Јелена. Ќерка ми ми стана смисла на животот, вели Зоран и додава дека на девојчето сѐ уште не му кажал што се случило со неговата мајка.
-Се посоветувавме со стучњаци и секако ќе ѝ кажам, само подоцна кога ќе може да разбере. Сѐ уште е малечка за да разбере. Јас сум тука за да ѝ го направам живото поубав и колку што можам да ја заменам Јелена, вели Зоран.
Според неговите зборови, на споменикот ќе бидат врежани стиховте: „Таман смо, таман дисали исто. Била ми ја свака пора коже, ја је више не могу, сад је на теби да је загрлиш, боже..“. Тие ќе бидат испишани на отворената книга исцртана на надгробната плоча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка