| четврток, 6 декември 2018 |

Важен ден за решавање на случајот Јелена: За убиство, сопругот Зоран може да добие од 10 до 40 години затвор

Во продолжение на истрагата за убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ, денеска против обвинетиот сопруг Зоран искази давале двата клучни сведоци кои во април минатата годиниа, на денот на убиството, биле на насипот Црвенка во Борча, каде што било пронајдено нејзиното тело.

Денес сведочеле Р.М. и В.С., а повиканите за сведоци родители на Зоран и неговиот брат, повикувајќи се на правото како членови на најблиското семејство, одбиле да сведочат. Повикувајќи се на информации полициски извори, српските медиуми пишуваат дека овие две сведочења биле многу важни за истрагата, а фактот што блиските на Зоран одбиле да дадат официјален исказ за истрагата, никако не му оди во прилог на обвинетиот.

Инаку, Зоран Марјановиќ се наоѓа во притвор од 15 септември, а доколку биде осуден за убиство, му се заканува казна затвор од 10 до 40 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top