Кумата Вера, која била личност од доверба на семејстовото Марјановиќ, била видена во едно белградско кафуле со Рада Матиќ од Виена, жената со која беше откриено дека сопругот на Јелена се допишувал.
Вера била жена од доверба на Марјановиќ, а по убиството им помагала и како куќна помошничка. Кога беа објавени пораките кои Зоран ги разменувал со Рада, кумата Вера ја изгубила довербата во него затоа што сметала дека не е примерно нешто такво да прави човек којшто само што ја изгубил својата сопруга. Исто така, се скарала и со мајката на Зоран, Зорица, по што била истерана од куќата.
Таа од Борча се иселила минатата недела, а за кратко стапила во контакт со жената со која Зоран се допишувал, Рада од Виена. Таа за српски „Телеграф“ потврдила дека се видела со кумата Вера и дека се договориле повторно да се сретнат.
– Изгледаше како да сака нешто да ми раскаже. Веднаш ѝ реков дека може да ми каже сѐ, но забележав дека е во паника. Постојано ги триеше рацете и се вртеше и гледаше зад себе. Се обидев да ѝ објаснам дека нема причина да се плаши, но не успеа ништо да ми каже… како да се пресече – раскажала Рада за „Телеграф“.
Таа додала дека Вера во еден момент на паника рекла нешто што ја шокирало.
– Ако писнам, ќе ме убијат. Знам сѐ што се случуваше во куќата, ама не смеам Радо ништо да откријам….
Кумата постојано повторувала дека многу ѝ е жал за Јелена и дека би сакала вистината што поскоро да се дознае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка