Мајката на бегалецот Небојша Ројко потврдила дека нејзиниот син кој се наоѓа во бегство се јавил дома и кал дека тој не ја убил пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ.
-Ми се јави синот Небојша. Ми кажа дека тој нема врска со убиството. Кажа дека тој утре самиот ќе се пријави во полиција и ќе објасни која е причината поради која избегал – изјавила мајката на бегалецот Небојша Ројко.
Таа појаснила која е причината поради која Небојша со прекар Вихор избегал кога г видел специјалците во нивниот семеен дом.
-На него му остана да отслужи уште година дена затвор поради разбојништво. Мислел дека полицијата го бара за да го приведе, појаснува Нена Ројко.
Таткото на уапсениот Франц Ројко денес даде изјава за медиумите:
-Беше полицијата со неколку автомобили. Давесетина полицајци и инспектори ја пребараа целата куќа, гаражата и помошните згради, акога завришија со тоа, го приведоа мојот син. Имам уште еден син, помлад, и него го бараа но тој утрово замина од дома и не знам каде е.
Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката на „Гранд“ но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.
Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека тој е поврзан со убиството, но ако тоа го сторил јас ќе бидам тој кој лично ќе му пресуди – изјавил Ројко.
Во дворот на Ројко се куќа и гаража, а зад гаражата има мост преку каналот кој води до насипот по кој трчала Јелена. Тој мост е одалечен неполн километар од местото на злосторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Важен ден за решавање на случајот Јелена: За убиство, сопругот Зоран може да добие од 10 до 40 години затвор
-
Јелена денеска ќе наполнеше 34 години: И јас пораснав, а мама уште ја нема
-
Случајот Јелена воскресна: Ајде, докажи дека сме ти нуделе пари и оргии, Рада од Виена во судница
-
Aко писнам, ќе ме убијат: Кумата Вера живее во страв од семејството Марјановиќ