Против медицинската сестра од Виена, Рада Матиќ, свекорот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Владимир, поднесе кривична пријава поради нејзините изјави во кои тврди дека тој ѝ нудел пари и ја повикувал на оргии.
Да потсетиме, Рада на својот профил на „Фејсбук“ пред два месеци објави статус во кој напиша дека Владимир ѝ испратил порака на телефон.
- Тој наеднаш стапи во контакт со мене, од скриен телефонски број ми упати молба да бидам добра кон Зоран и него. Кога го прашав да ми каже на што конкретно мисили, ми рече дека предлага секс во тројка. Така ги потврди сите мои сомнежи дека се припадници на секта. Ми предложија оргии зашто во нив сѐ е дозволено – тврдеше Рада Матиќ.
Како што пишуваат белградските медиуми, семејството Марјановиќ не остана имуно на изјавите на Рада и пишувањето по социјалните медиуми.
-Рада Матиќ изјави многу нешта за Марјановиќ. Покрај Зоран, во своите изјави го споменуваше и неговиот татко Владимир, за кого тврдеше дека ѝ нудел оргии, но и барал пари за да молчи. Владимир одлучил да ја докаже својата невиност во сето тоа и неодамна поднесе кривична пријава за неа, за да одговара на суд за сите лаги во кои ја споменувал неговата фамилија – вели извор.
Тој додаде и дека сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ, не поднел пријава против извесната Рада В.
-Веројатно дошло до забуна зошто Зоран не поднесе пријава – тврди пријател на ова семејство.
Јелена Марјановиќ е убиена на 2 април на насипот во Борча, а убиецот сѐ уште не е пронајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Важен ден за решавање на случајот Јелена: За убиство, сопругот Зоран може да добие од 10 до 40 години затвор
-
Добро што ја убија Јелена, жива полошо ќе поминеше-бизарна изјава на Зоран
-
Уапсена Рада Матиќ, ноќната мора на Зоран Марјановиќ
-
Јелена денеска ќе наполнеше 34 години: И јас пораснав, а мама уште ја нема