| четврток, 6 декември 2018 |

Најтажната приказна на Балканот: момче оставено во болница сите мажи ги вика тато

На четиригодишното момче од Кањижа кое лежи повеќе од година дена во Детската болница во Нови Сад  единственото друштво му се вработените во таа установа и другите деца од одделението, а поради тешката болест деновите ги минува во кревет.

85244_1djecak tuga

Според болничките правила детето може да го посетуваат само членовите на семејството, но момчето М.К.(4) никој не го посетува. Мајките кои со своите деца лежеле во болницата велат дека сите сакаат да се играат со него и да му помагаат но и дека тој не е свесен кој му се родителите.

-Минатото лето појдов во болница да му однесам некои работи. Бев со мојот сопруг, а момчето кој прв пат го виде мојот сопруг му кажа „тато“ – раскажала за медиумите една од мајките кои го посетувала момчето, додека извор за еден весник кажал дека момчето и другите мажи кои влегувале во неговата соба ги ословувал со „тато“.

Момчето е под постојан надзор на лекарите. Имал неколку операции на бубрезите, боледува од висок шеќер и има галукома на око. Поради тешката болест тој е често на апарати, а деновите ги поминува во болнички кревет бидејќи не може самиот да стане.

85244_6dc6bdd04f93b7b336486f0340ed2102

Многумина двојки се јавиле со желба да го посвојат но центарот за социјална работа од Кањижа не им го одземало момчето на родителите и тоа е причината зошто никој не може да му помогне на тоа момче. Од таа установа не сакаат да коментираат  дали преземале чекори за да му помогне на детето и да се најдат старатели кои ќе го чуваат.

85244_858fa9b8cc96ae890433ccbdcb67ef53

-Детето  не им е одземено на родителите. Живело со мајката и очувот, кои и го довеле во болница. Тие имаат уште деца и тешко живеат, па немаат пари да доаѓаат во болница- појаснил извор од болницата во која момчето е сместено.

85244_b136d4e212c32b98385d75ec8e195ade

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top