На четиригодишното момче од Кањижа кое лежи повеќе од година дена во Детската болница во Нови Сад единственото друштво му се вработените во таа установа и другите деца од одделението, а поради тешката болест деновите ги минува во кревет.
Според болничките правила детето може да го посетуваат само членовите на семејството, но момчето М.К.(4) никој не го посетува. Мајките кои со своите деца лежеле во болницата велат дека сите сакаат да се играат со него и да му помагаат но и дека тој не е свесен кој му се родителите.
-Минатото лето појдов во болница да му однесам некои работи. Бев со мојот сопруг, а момчето кој прв пат го виде мојот сопруг му кажа „тато“ – раскажала за медиумите една од мајките кои го посетувала момчето, додека извор за еден весник кажал дека момчето и другите мажи кои влегувале во неговата соба ги ословувал со „тато“.
Момчето е под постојан надзор на лекарите. Имал неколку операции на бубрезите, боледува од висок шеќер и има галукома на око. Поради тешката болест тој е често на апарати, а деновите ги поминува во болнички кревет бидејќи не може самиот да стане.
Многумина двојки се јавиле со желба да го посвојат но центарот за социјална работа од Кањижа не им го одземало момчето на родителите и тоа е причината зошто никој не може да му помогне на тоа момче. Од таа установа не сакаат да коментираат дали преземале чекори за да му помогне на детето и да се најдат старатели кои ќе го чуваат.
-Детето не им е одземено на родителите. Живело со мајката и очувот, кои и го довеле во болница. Тие имаат уште деца и тешко живеат, па немаат пари да доаѓаат во болница- појаснил извор од болницата во која момчето е сместено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)