Во новиот број на неделникот Република ќе читате:
Викотници во штабот на СДСМ
Кој го кара Заев на српски?
Во што е вплеткан врвот на СДСМ со ангажирање на советниците од Србија, кои пак се поврзани со корупциски скандали, но и со пропагандата во Косово по која се случуваат масовни протести и судири меѓу полицијата и Србите на Косово во кои имаше и жртви? Додека земјата тонеше во политичката криза „белградската врска“ ја креирала стратегијата на СДСМ, неретко со силни кавги и викотници на српски јазик за неспособност и потреба од водење на интелигентна политика, дознава Република. Непознато е колку пари и преку кои канали Заев ги плаќал советите на тројцата советници.
Брисел се изјасни
На ред е народниот извештај
Во годината на својата најголема криза од 2001 година наваму,Македонија повторно доби препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Дали е таа условена, резервирана или одложена, не е важно. Важно е дека ЕУ смета дека Македонија е подготвена да започне преговори за членство. Она што е уште поважно е што по добро организирани избори во април и по спроведување на барањата на Брисел, можеме да очекуваме ЕУ конечно да признае дека многу згрешила во случајот со Македонија и дека ќе ја исправи грешката.
И федерализација за бегство од избори
План Б на Павел Шатев
Откако на опозицијата ѝ стана јасно дека ниту бомбите не ѝ помогнаа да го придобие народот на своја страна, сѐ поизвесно е дека до април ќе смислува план Б како да се спречи исполнување на волјата на граѓаните. Дали ќе успее да го стори тоа преку разгорување нови меѓуетнички тензии, останува да видиме. Тоа што засега го гледаме е уште еден безобѕирен обид за „играње со оган“ преку актуaлизирање на многу опасниот проект за федерализација на Македонија и за создавање на трета албанска држава на Балканот.
Разузнавачите не мируваат
Тајните служби и Балканот
Последната исповед на српскиот премиер Вучиќ ја продолжи серијата изјави на високи претставници на земјите од Југоисточна Европа дека во регионот има интензивни активности на странски тајни служби кои работат против регионалните лидери и влади. Вучиќ, кој последниве години се обидува да балансира меѓу Русија и највлијателните земји во ЕУ и во НАТО, пред неколку дена, иако без да прецизира за кого точно се работи, рече дека тајни служби му работат зад грб. Осомничените се малку, а Кина, Индија и Иран сигурно не се меѓу нив.
Македонија – регионално градилиште
Автопатиштата гаранција за силна економија
Во последните 10 години за петпати се зголемени капиталните инвестиции за патишта. Ако пред десет години во патишта се вложувале 38 милиони евра, за 2016 година Владата предвиде преку 200 милиони евра само за патна инфраструктура. Инвестициите во патната инфраструктура претставуваат една третина од вкупните капитални инвестиции што Владата ги предвиде за в година.
Новиот број е во продажба од петок, 13 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.