| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го кара Заев на српски?

naslovna167-1

Во новиот број на неделникот Република ќе читате:

 

Викотници во штабот на СДСМ

Кој го кара Заев на српски?  

Во што е вплеткан врвот на СДСМ со ангажирање на советниците од Србија, кои пак се поврзани со корупциски скандали, но и со пропагандата во Косово по која се случуваат масовни протести и судири меѓу полицијата и Србите на Косово во кои имаше и жртви? Додека земјата тонеше во политичката криза „белградската врска“ ја креирала  стратегијата на СДСМ, неретко со силни кавги и викотници на српски јазик за неспособност и потреба од водење на интелигентна политика, дознава Република. Непознато е колку пари и преку кои канали Заев ги плаќал советите на тројцата советници.

 

Брисел се изјасни

На ред е народниот извештај

Во го­ди­на­та на сво­ја­та нај­го­ле­ма кри­за од 2001 го­ди­на на­ва­му,Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но до­би пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри­те со ЕУ. Да­ли е таа ус­ло­ве­на, ре­зер­ви­ра­на или од­ло­же­на, не е важ­но. Важ­но е де­ка ЕУ сме­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја е под­го­тве­на да за­поч­не пре­го­во­ри за членс­тво. Она што е уште по­важ­но е што по до­бро ор­га­ни­зи­ра­ни из­бо­ри во април и по спро­ве­ду­ва­ње на ба­ра­ња­та на Бри­сел, мо­же­ме да оче­ку­ва­ме ЕУ ко­неч­но да приз­нае де­ка мно­гу згре­ши­ла во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја и де­ка ќе ја ис­пра­ви гре­шка­та.

 

И федерализација за бегство од избори

План Б на Павел Шатев

Отка­ко на опо­зи­ци­ја­та ѝ ста­на јас­но де­ка ни­ту бом­би­те не ѝ по­мог­наа да го при­до­бие на­ро­дот на сво­ја стра­на, сѐ по­из­вес­но е де­ка до април ќе смис­лу­ва план Б ка­ко да се спре­чи ис­пол­ну­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те. Да­ли ќе ус­пее да го сто­ри тоа пре­ку раз­го­ру­ва­ње но­ви ме­ѓу­ет­нич­ки тен­зии, оста­ну­ва да ви­ди­ме. Тоа што за­се­га го гле­да­ме е уште еден без­об­ѕи­рен обид за „игра­ње со оган“ пре­ку актуaли­зи­ра­ње на мно­гу опас­ни­от про­ект за фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и за соз­да­ва­ње на тре­та ал­бан­ска др­жа­ва на Бал­ка­нот.

 

Разузнавачите не мируваат

Тајните служби и Балканот

Пос­лед­на­та ис­по­вед на срп­ски­от пре­ми­ер Ву­чиќ ја про­дол­жи се­ри­ја­та из­ја­ви на ви­со­ки прет­став­ни­ци на зем­ји­те од Ју­го­и­сточ­на Евро­па де­ка во ре­ги­о­нот има ин­тен­зив­ни актив­но­сти на стран­ски тај­ни служ­би кои ра­бо­тат про­тив ре­ги­о­нал­ни­те ли­де­ри и вла­ди. Ву­чиќ, кој пос­лед­ни­ве го­ди­ни се оби­ду­ва да ба­лан­си­ра ме­ѓу Ру­си­ја и најв­ли­ја­тел­ни­те зем­ји во ЕУ и во НА­ТО, пред не­кол­ку де­на, иа­ко без да пре­ци­зи­ра за ко­го точ­но се ра­бо­ти, ре­че де­ка тај­ни служ­би му ра­бо­тат зад грб. Осом­ни­че­ни­те се мал­ку, а Ки­на, Ин­ди­ја и Иран си­гур­но не се ме­ѓу нив.

 

Македонија  – регионално градилиште

Автопатиштата гаранција за силна економија

Во пос­лед­ни­те 10 го­ди­ни за пет­па­ти се зго­ле­ме­ни ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции за па­ти­шта. Ако пред де­сет го­ди­ни во па­ти­шта се вло­жу­ва­ле 38 ми­ли­о­ни евра, за 2016 го­ди­на Вла­да­та пред­ви­де пре­ку 200 ми­ли­о­ни евра са­мо за пат­на ин­фра­стру­кту­ра. Ин­ве­сти­ци­и­те во пат­на­та ин­фра­стру­кту­ра прет­ста­ву­ва­ат ед­на тре­ти­на од вкуп­ни­те ка­пи­тал­ни ин­ве­сти­ции што Вла­да­та ги пред­ви­де за в го­ди­на.

 

Новиот број е во продажба од петок, 13 ноември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top