| четврток, 6 декември 2018 |

Наслови кои ќе останат – трета го­ди­на „Ре­пуб­ли­ка“ со Вас

За „Ре­пуб­ли­ка“, Де­нот на не­за­вис­но­ста има уште ед­но до­пол­ни­тел­но зна­че­ње. Пред це­ли три го­ди­ни, нов не­дел­ник се по­ја­ви на па­за­рот и вед­наш се на­мет­на на ма­ке­дон­ски­от ме­ди­ум­ски про­стор ка­ко су­штин­ски из­вор на ана­ли­зи и на пред­ви­ду­ва­ња. „Не­воз­мож­на ми­си­ја“ е да се изд­во­јат тек­сто­ви што ја од­бе­ле­жаа тре­та­та го­ди­на на „Ре­пуб­ли­ка“ без да се да­де кон­тек­стот што го пре­жи­веа Ма­ке­до­ни­ја во сво­ја­та 24. го­ди­на од не­за­вис­но­ста

Од ми­на­та­та прос­ла­ва на не­за­вис­но­ста на др­жа­ва­та, до овој Ос­ми сеп­тем­ври, Ма­ке­до­ни­ја из­ми­на пат од „Се­дум мил­ји“. Мо­жеа ли мно­гу ра­бо­ти да се пред­ви­дат? Да, мо­жеа. И беа пред­ви­де­ни; и беа упа­те­ни пре­ду­пре­ду­ва­ња. Мо­жеа ли да се из­бег­нат? Е за тоа ќе тре­ба да из­ми­не до­вол­но вре­ме, да се ола­дат не­кои гла­ви. Па би­деј­ќи низ оваа из­ми­на­та го­ди­на „Ре­пуб­ли­ка“ на­пра­ви ре­трос­пе­кти­ва за „Мрач­но­то вре­ме на тран­зи­ци­ја­та“, ќе мо­же да се ана­ли­зи­ра го­ди­на­та на оби­дот за „пуч“, за „бом­бар­ди­ра­ње“ на без­бед­нос­ни­от си­стем, го­ди­на­та на же­сто­ки на­сил­ни про­те­сти, го­ди­на­та ко­га Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но по­ло­жи жр­тви про­тив те­ро­ри­стич­ки гру­па­ции, џи­ха­ди­стич­ки ќе­лии, го­ди­на­та на со­о­чу­ва­ње­то со на­ле­тот на еми­гран­ти…

 

„Кој до­би­ва, а кој гу­би?“

Уште по об­ја­ву­ва­ње­то на ве­ста за слу­ча­јот „Пуч“, „Ре­пуб­ли­ка“ об­ја­ви ана­ли­за во ко­ја се со­др­жи су­шти­на­та на се­то тоа на што сме све­до­ци из­ми­на­ти­те шест ме­се­ци. Спо­ред тоа ка­ко се од­ви­ва­ат ра­бо­ти­те, ве­ро­јат­но овој текст ќе ја има иста­та све­жи­на до из­бо­ри­те до­го­во­ре­ни за април в го­ди­на.

„Пр­ва­та вест што го оби­ко­ли све­тот е де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има­ло пуч, при што си­те што ја слуш­на­ле ве­ста за­мис­лу­ваа тен­ков­ски ко­ло­ни ка­ко вле­гу­ва­ат во Со­бра­ни­е­то, згра­да­та на Вла­да­та и во пре­тсе­да­тел­ска­та ре­зи­ден­ци­ја. Тоа без ни­ка­ква ди­ле­ма зна­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја е таа што најм­но­гу за­гу­би… На ли­ста­та на гу­бит­ни­ци, вед­наш по та­тко­ви­на­та, е Зо­ран За­ев. Освен ако не­ма цел при це­лос­но­то про­па­ѓа­ње да го пов­ле­че со се­бе и пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка зо­што тој вле­зе во сце­на­ри­о­то ­што го сле­ди­ме со де­но­ви. Во зем­ја во ко­ја тој има че­ти­ри­па­ти по­мал број под­др­жу­ва­чи од Гру­ев­ски, во зем­ја во ко­ја по­ли­тич­ка­та под­др­шка не­ре­тко се да­ва и по­ра­ди ли­чна при­до­би­вка, но, пред сè, по­ра­ди тра­ди­ци­о­нал­ни иде­о­ло­шки прет­по­ста­вки, За­ев не мо­же да се на­де­ва де­ка со ин­фор­ма­ци­и­те, па ду­ри и тие да се нај­страш­ни, ќе си ги за­ме­нат ме­ста­та со пре­ми­е­рот… Пред сè за­тоа што ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ќе зна­ат да ги каз­нат тие што вр­ше­ле не­за­кон­ски де­ла ако се до­ка­же де­ка на­ви­сти­на вр­ше­ле, но не­ма да ги на­гра­дат тие што, освен тоа што не­ма­ат ни­ка­ква иде­ја за на­чи­нот на кој би вла­де­е­ле со зем­ја­та, не­ма­ат ал­тер­на­ти­ва за се­гаш­на­та по­ли­ти­ка, не­ма­ат стру­кту­ра и по­крај тоа што нај­а­ви­ја вла­да во сен­ка. Дру­га­та при­чи­на е јас­на – не се да­ва на­гра­да на тој што, мис­леј­ќи де­ка има моќ­но оруж­је в џеб, оти­шол да пре­го­ва­ра и да се па­за­ри за не­што за што ни­кој нор­ма­лен по­ли­ти­чар не смее да пра­ви па­зар. Тоа што не­кол­ку­па­ти јав­но не­ги­ра­ше одре­де­ни де­ла, па по­тоа приз­на­ва­ше де­ка ла­жел е ве­ќе ста­ра при­каз­на“, стои во ана­ли­за­та „Кој до­би­ва, а кој гу­би?“, об­ја­ве­на на по­че­то­кот на фе­вру­а­ри.

 

„Мрач­но­то вре­ме на тран­зи­ци­ја­та“

8 Сеп­тем­ври е де­нот ко­га Ма­ке­до­ни­ја се опре­де­ли за др­жав­ност. От­то­гаш, Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те отво­ри­ја но­ва стра­ни­ца, но­ва бор­ба за за­чу­ву­ва­ње на сво­јот иден­ти­тет, на сво­ја­та по­себ­ност, на сво­е­то чо­ве­ко­во пра­во за са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње, ко­ја трае и ден- де­нес. Но, ќе бе­ше ли сѐ по­и­на­ку до­кол­ку во тие пр­ви го­ди­ни на др­жав­ност на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на­теж­наа врз лич­ни­те ин­те­ре­си по кои се во­деа нас­лед­ни­ци­те на ста­ри­от си­стем? Кол­ка­ва ли ќе бе­ше еко­ном­ска­та моќ на гра­ѓа­ни­те, но и на др­жа­ва­та, до­кол­ку не се слу­чеа кри­ми­нал­ни­те актив­но­сти по­вр­за­ни со при­ва­ти­за­ци­ја­та на оп­штес­тве­ни­от имот?

Низ ре­до­ви­те на фељ­то­нот „Мрач­но­то вре­ме на тран­зи­ци­ја­та“ се пре­не­се ат­мо­сфе­ра­та што вла­де­е­ше во Ма­ке­до­ни­ја ко­га рас­тот на БДП бе­ше во ми­нус­но сал­до, ко­га не­вра­бо­те­но­ста рас­те­ше се­којд­нев­но, инф­ла­ци­ја­та се диг­на до 15 про­цен­ти на ме­сеч­но ни­во, а др­жа­ва­та соз­да­ва­ше моќ­ни­ци кои упра­ву­ваа со жи­во­ти­те на лу­ѓе­то, зло­у­по­тре­бу­вај­ќи ја вла­ста во ус­ло­ви на еко­ном­ска бло­ка­да од ју­гот кон Ма­ке­до­ни­ја и свет­ско ем­бар­го кон се­вер­на­та гра­ни­ца.

Фељ­то­нот не слу­чај­но поч­на во сеп­тем­ври, ме­сец што се по­вр­зу­ва со по­че­то­кот на па­дот на СДСМ и не­го­ви­от по­сто­јан ли­дер. Ме­сец и да­тум, 15 сеп­тем­ври, ден кој жр­тви­те на тран­зи­ци­ја­та го од­бе­ле­жу­ва­ат ка­ко ден на из­гу­бе­ни­те на­де­жи, ден на ил­јад­ни­ци сте­чај­ци, из­ма­ме­ни ште­да­чи, не­вра­бо­те­ни, со­ци­јал­ни слу­чаи, зем­јо­дел­ци, пен­зи­о­не­ри, 150 за­тво­ре­ни ком­па­нии и по­ве­ќе од 200 ил­ја­ди из­бр­ка­ни од ра­бо­та. За да не се за­бо­ра­ви. За да не се по­вто­ри.

 

Пуч, бом­би, на­силс­тво

Ка­ко тоа по­сто­ја­но ко­га е во не­вол­ја, СДСМ до­би­ва прис­лу­шу­ва­ни ма­те­ри­ја­ли? – ана­ли­зи­ра „Ре­пуб­ли­ка“ во „Пет раз­уз­на­ва­чи на ква­дра­тен ме­тар“. Во неа се ко­ри­стеа све­до­че­ња на истак­нат член на опо­зи­ци­ја­та – про­фе­со­рот Ми­лан Ба­ба­но­ски, по­ра­не­шен шеф на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност, кој ди­рект­но по­со­чу­ва на ме­ди­ум­ски ку­ќи вме­ша­ни во шпи­он­ски игри. За вол­ја на ви­сти­на­та, ток­му Ба­ба­но­ски бе­ше за­бе­ле­жан ка­ко ма­ни­пу­ли­ра со мла­дин­ци­те во пр­ви­те ре­до­ви на про­те­сти­те пред вла­да­та, кои по­тоа ста­наа на­сил­ни и во кои беа по­вре­де­ни по­ве­ќе по­ли­ци­ски служ­бе­ни­ци.

„Ма­ке­до­ни­ја, за раз­ли­ка од Ср­би­ја, Укра­и­на и од Еги­пет е ед­на од зем­ји­те ка­де што те­о­ри­ја­та на Џин Шарп не­ма ус­пеш­на ре­а­ли­за­ци­ја на те­рен, пред сè, по­ра­ди ло­шо исп­ла­ни­ра­но­то сце­на­рио на стран­ски­те аген­ту­ри и по­ра­ди не­ма­ње­то ми­ни­мум ка­па­ци­тет кај опо­зи­ци­ско­то ра­ко­водс­тво, вклу­чу­вај­ќи ги и Со­ро­со­ви­те ин­ста­ла­ции, да го спро­ве­дат пла­нот што им е сер­ви­ран на тац­на, во кој пре­циз­но се оз­на­че­ни це­ли­те кон кои тре­ба да се дејс­тву­ва“, ана­ли­зи­ра „Ре­пуб­ли­ка“ во март, а во кон­текст на од­не­су­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та спо­ред Со­ро­со­ви­от „Во­дич за во­ста­ни­ја“.

Око­лу су­ве­ре­но­ста и стран­ски­те прес­ме­тки, „Ре­пуб­ли­ка“ го ана­ли­зи­ра­ше и од­не­су­ва­ње­то на ме­ди­у­ми­те. „Бе­ше по­треб­но вре­ме, но су­ве­ре­но­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво ја над­ми­на ин­фе­ри­ор­но­ста на­мет­на­та од по­ли­ти­ча­ри­те кои за се­кој свој че­кор ба­раа ами­ну­ва­ње од стран­ски­те ам­ба­са­до­ри… Акту­ел­на­та по­ли­тич­ка кри­за по­втор­но ги акти­ви­ра но­ви­нар­ски­те деј­ци да се оби­дат на го­ле­ма вра­та да ги вра­тат ’Гу­вер­не­ри­те и гу­вер­нан­ти­те’ на Ма­ке­до­ни­ја“- пре­ду­пре­ди „Ре­пуб­ли­ка“ во март.

 

„Ти ка­жу­вам ќер­ко, се­ти се снао“

Нап­ли­вот на бе­гал­ци со кој се­га се со­о­чу­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја, бал­кан­ски­от ре­ги­он и ЕУ не е из­не­на­ду­вач­ки, ако се зе­меа пред­вид ана­ли­зи­те и пре­ду­пре­ду­ва­ња­та што до­а­ѓаа од грч­ка­та стра­на.

„Но­ви­от ми­ни­стер за од­бра­на на Гр­ци­ја, кон­тро­верз­ни­от Па­нос Ка­ме­нос, кој бе­ше и во вла­да­та на трој­на­та ко­а­ли­ци­ја пред­во­де­на од Са­ма­рас, ги збу­ни грч­ки­те парт­не­ри во НА­ТО и во ЕУ со сво­ја­та из­ја­ва де­ка ако кре­ди­то­ри­те не ги при­фа­тат ба­ра­ња­та на но­ва­та вла­да во Ати­на, тој и не­го­во­то ми­ни­стерс­тво ќе про­пу­штат ми­ли­о­ни бе­гал­ци од Бли­ски­от Исток и од Афри­ка, ме­ѓу кои ќе има и џи­ха­ди­сти. Ка­ме­нос, се­пак, не ка­жа ни­што но­во. Гр­ци­ја со го­ди­ни го пра­ви тоа, кон­тро­ли­ра­но про­пу­штај­ќи пре­ку пла­ни­на­та Ни­џе сто­ти­ци, нај­че­сто си­ри­ски и ирач­ки бе­гал­ци кон Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му се­вер­ни­от грч­ки со­сед е тој што тре­ба да се пла­ши од за­ка­ни­те на ли­де­рот на ’не­за­вис­ни­те Гр­ци’… Сце­на­ри­о­то спо­ред кое би мо­же­ла по­ра­ди не­до­стиг од па­ри или од по­ли­тич­ки при­чи­ни, да ја за­пре кон­тро­ла­та на гра­ни­ца­та со Тур­ци­ја ќе зна­чи ил­јад­ни­ци чле­но­ви на Ал Ка­е­да и на ИСИЛ на пат кон зем­ји­те ка­де што мо­жат да нај­дат под­др­шка, ка­ко во Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Бос­на, а по­тоа и влез во отво­ре­ни­от шен­ген про­стор“, ана­ли­зи­ра „Ре­пуб­ли­ка“ на по­че­то­кот на март.

 

Ме­сто зак­лу­чок

Не­воз­мож­но е да се об­ја­ват си­те ана­ли­зи по­све­те­ни на акту­ел­но­сти­те што се ре­деа ка­ко на филм­ска лен­та ме­ѓу лан­ска­та и го­ди­наш­на­та прос­ла­ва на ма­ке­дон­ска­та не­за­вис­ност. Или по­точ­но, во тре­та­та го­ди­на отка­ко „Ре­пуб­ли­ка“ е со вас. Тоа, пак, што го по­са­ку­ва­ме ка­ко ре­дак­ци­ја е во след­ни­от ро­ден­ден­ски број, во след­на­та ре­трос­пе­кти­ва на ана­ли­зи­те, да пре­ов­ла­ду­ва­ат нас­ло­ви по­све­те­ни на зго­ле­ме­ни­от на­та­ли­тет, на еко­ном­ски­от по­раст, ана­ли­зи што ќе при­до­не­сат кон де­мо­крат­ски­от раз­вој и по­ли­тич­ка­та зре­лост на др­жа­ва­та. Во ат­мо­сфе­ра до­стој­на за за­ед­нич­ка прос­ла­ва на 25-го­диш­ни­на­та на не­за­вис­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top