Изминатите седум дена, од 17 август до вчера, регистрирани се 1.114 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Јавувањата најчесто се за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.
Како што информира Министерството за здравство, од 15 септември, од кога почна да работи телефонската линија, досега има вкупно 48.575 повици.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата што редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок. На сите лица што побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.